Четворочлена мешовита меѓународна екипа од САД, Канада и Израел платиле по 55 милиони долари (вкупно 220 милиони) со што си резервирале место во историјата - ќе бидат првите приватни патници на комерцијален лет во веслената
Кои се луѓето кои ќе бидат дел од првиот приватен лет до Меѓународната вселенска станица? На 26-ти јануари беа откриени нивните имиња.
Тимот е составен од поранешниот астронаут на НАСА Михаел Лопез Алгериа, Лери Конор од САД, Марк Пети од Канада и Ејтан Стиб од Израел.
Михаил Лопез Алгериа е поранешен астронаут кој се пензионираше од НАСА во 2012-та и е сегашен потпретседател на Axiom Space.
Лери од САД, кој зад себе има управувано 16 различни летала, ќе биде пилотот на леталото, со тоа станувајќи првиот пилот кој управува комерцијален вселенски лет. Истовремено, со 71 година, тој ќе биде и втората најстара личност која отишла во вселената, веднаш зад Џон Глен кој го направи тоа на 77 години.
Марк Пети ќе биде вториот Канаѓанец во историјата кој отишол во вселената, а Ејтан е 11-иот Израелец кој го направил овој подвиг.
Лансирањето е планирано за 2022-ра година, а екипажот ќе патува со леталото „Crew Dragon на SpaceX“. Целата мисија е соработка помеѓу SpaceX, компанијата на Илон Маск, НАСА, како и компанијата Axiom Space. После лансирањето од Флорида, на екипажот ќе му бидат потребни околу 48 часа за да стигнат до Станицата, а таму ќе поминат 8 дена.
Слично како SpaceX, Axiom Space е приватна компанија која произведува вселенски летала, а во договор со НАСА, ќе направи и комерцијален модул за Меѓународната вселенска станица. Во јануари минатата година, компанијата доби дозвола од НАСА да го направи модулот, кој ќе биде лансиран во 2024-та, со цел да се создаде повеќе простор за астронаутите. Компанијата вели дека кога Станицата ќе излезе од орбита, модулот ќе се оддели од неа и ќе стане независна комерцијална станица. Приватниот вселенски лет, познат и како мисија Ax-1, ќе биде првиот од неколку комерцијални летови, со кои подоцна ќе биде составен модулот на Станицата. Истовремено, на еден од летовите најверојатно ќе присуствува и Том Круз, заедно со режисерот Даг Лиман, и ќе го снимаат првиот филм во вселената.The first private ISS crew in the history of humankind has been assembled.
— Axiom Space (@Axiom_Space) January 26, 2021
Commander Michael López-Alegría
Mission Pilot Larry Connor
Mission Specialist Mark Pathy
Mission Specialist Eytan Stibbe
Axiom Mission 1 (Ax-1): The start of a new era. pic.twitter.com/vBlr0ASRhj
— Axiom Space (@Axiom_Space) January 21, 2021
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Грција ги зајакнува мерките на Евзони и Какавиа
Строгите рестрикации во Грција за спречување на ширењето на коронавирусот се
Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје
Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за
Три кривични пријави за локални возачи
ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за
Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци
Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни
Распишана централна потерница за Сашо Мијалков
Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може
Засадени дрвца во сеќавање на Игор Мицев
Граѓаните на Негорци денеска имаа несекојдневен помен во сеќавање на прерано
ОЈО Гевгелија: 30 дена притвор за вооружен разбојник
Деветнаесет дена по извршениот вооружен грабеж во казино во Богданци
19-годишен гевгеличанец загина во сообраќајна несреќа
Вечерва во 00:50 по полноќ на патниот правец Стар Дојран - Нов Дојран во
Кривична пријава до ЈО Гевгелија за фирми кои избегнале плаќање акциза
Една Гевгелиска и една фирма од Тетово заедно со тројца одговорни лица добија
Приведен разбојник од Стојаково
Со ваков наслов МВР известува дека вчера, вторник, 16.02.2021 по извршен