Наместо вообичаениот завршен концерт со сите ученици во Општинското основно музичко училиште „Васо Карајанов“ Гевгелија, со кое учениците ја почестуваат локалната публика за крајот од школската година, презентирајќи го наученото, годинава во пандемски услови секој работеше од дома и на таков начин со помош на техниката се создаде заеднички домашен музички концертен перформанс.
Учениците во соработка со своите наставници создадоа видео музичка изведба од композиторот В.А.Моцарт - Прекрасна песна од операта „Волшебната флејта", а ја исполнува музичкиот оддел при ООМУ „Васо Карајанов" Гевгелија.
Директорката на училиштето Сузана Стефанова пофалувајќи го нивниот труд во вонредни услови од дома, ја спомена и поддршката на родителите, но и помошта на наставниците во создавањето на овој преточен музички поздрав за крај на школската година за учениците од ООМУ. Тоа се Зоран Гогов, Александара Лазаров (техничка поддршка), Влатко Сапламаев (пијано придружба) и Соња Панова (тимски организатор).
- „Им благодариме како на учениците така и на наставниците, а од септември продолжуваме со нови сили!“ - порачуваат од ООМУ „Васо Карајанов“ од Гевгелија.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Запленет камион со половина тон марихуана на ГП Богородица
Вечерва на Граничниот премин „Богородица“ запленет е камион полн со 500
Почина градежен работник во Гевгелија
Во централното градско подрачје каде се изведуваат градежни работи на просторот
Запленети 200 кг марихуана на граничната линија, приведени две лица
Одделот за криминалистика при ОВР Гевгелија во соработка со специјализирани
Тежок сообраќаен билтен - еден починат, еден тешко повреден
Едно починато и едно лице со тешки телесни повреди, без податоци за настаната
ОКШ Гевгелија бара воведување полициски час
Галопирачкиот раст на новозаболени од корона во Гевгелија и регионот (видно од
Почина Веселинка Поп Гонова
Утрово во Клиника „Жан Митрев“ воСкопје, каде што беше хоспитализирана оваа
Лишени од слобода двајца жители на о. Гевгелија
Прексиноќа пред полноќ, поточно во средата, жител на Мрзенци и жител на
Три последователни потреси во Грција почувствувани и во Гевгелија
Вечерва од 19:38 часот, 19:53 ч. па до 20:25 часот почуствувани се три
Почувствуван земјотрес во Гевгелија
Благо движење на земјата како лулање во правец југ-север-југ вечерва беше
Собранието со 62 „ЗА“ изгласа доверба на Владата
Парламентарното мнозинство уште еднаш ѝ аплаудираше на Владата. Овој пат за