Еколошката свест на гевгеличани е тема на последното видео направено од дежурниот видео аниматор на општествените теми од нашето опкружување, Дејан Малзарков.
По реакцијата на граѓаните дека само за три дена од пуштањето во употреба на новоуредениот простор на Динќут украдена е лулашка, Дејан со одговор зошто тоа го прават луѓето, и што уште можат да наштетет.
Исмевањето на сопствена сметка, на нашата колективно ниска еколошка свест, ќе ве насмее и ќе ве натера да размислите: „На која страна од еколошката скала сте вие - под нивото, или на нивото на грижлива употреба и чување на урбаната опрема наменета за сите и животниот простор.