Поранешниот гувернер на Калифорнија, познатиот холивудски актер Арнолд Шварценегер, со почетокот на пандемијата постираше видеа пропагирајќи носење маска, често миење раце и физичка дистанца. Вчера, среда, 11 месеци од почетокот на пандемијата, тој се вакцинираше и упати апел граѓаните на САД да го следат неговиот пример.
Седумдесет и тригодишниот актер на социјалните мрежи објави снимка на која е забележано како прима вакцина на стадионот „Доџерс“ во Лос Анџелес, кој во текот на пандемијата е претворен во центар за масовно вакцинирање.
„Денеска е прекрасен ден. Никогаш не сум бил посреќен додека чекам во некоја редица. Ако ги исполнувате условите, придружете ми се и пријавете се за вакцинирање. Појдете со мене ако сакате да живеете“, напиша Шварценегер во објавата на социјалните мрежи, парафразирајќи ја реченицата што ја изговара неговиот лик Терминатор во истоимениот филм.
Моментално, во Лос Анџелес вакцина примаат луѓе постари од 65 години.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Грција ги зајакнува мерките на Евзони и Какавиа
Строгите рестрикации во Грција за спречување на ширењето на коронавирусот се
Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје
Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за
Три кривични пријави за локални возачи
ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за
Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци
Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни
Распишана централна потерница за Сашо Мијалков
Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може
Засадени дрвца во сеќавање на Игор Мицев
Граѓаните на Негорци денеска имаа несекојдневен помен во сеќавање на прерано
ОЈО Гевгелија: 30 дена притвор за вооружен разбојник
Деветнаесет дена по извршениот вооружен грабеж во казино во Богданци
19-годишен гевгеличанец загина во сообраќајна несреќа
Вечерва во 00:50 по полноќ на патниот правец Стар Дојран - Нов Дојран во
Кривична пријава до ЈО Гевгелија за фирми кои избегнале плаќање акциза
Една Гевгелиска и една фирма од Тетово заедно со тројца одговорни лица добија
Приведен разбојник од Стојаково
Со ваков наслов МВР известува дека вчера, вторник, 16.02.2021 по извршен