Првото место на меѓународнен филмски фестивал во Париз годинава го понесе македонскиот филм „Змија“ на Андреј Волкашин со што официјално стана добитник на главната награда на IFFBHLA, Paris edition.
Ова е уште еден успех на македонски филм по оскаровското патување на „Медена земја“ – доделена е Главна награда за филмот „SNAKE“ (ЗМИЈА) на Натпреварот за краток филм на IFFBHLA, Paris edition!
Филмот претставува горчливо-слатка приказна за невообичаено пријателство помеѓу деветгодишното смело момче МАРИО и ексцентричен млад геј, предизвикан од предрасудите и омразата од родителите во македонски мал град.
За приказната пренесена во филмот жирито изјави:
- „За неговото суптилно и оригинално прикажување на важна тема во денешниот свет, природата на насилството … И, дека преку емпатија човештвото може да биде подобро, без оглед на контекстот. Ова хуманистичко гледиште е релевантно и во контекст на ЛГБТ заедницата што живее на Балканот, но исто така и во поуниверзална смисла, каде било во светот, каде што има некаква форма на страдање нанесена од луѓе”
Но, режисерот и продуцентот на ЗМИЈА, ја доделуваат оваа награда на неверојатната млада екипа: Ведран Делиџаков, Костадин Узунов, Димитар Стојчевски, Васка Ангелова, Марија Илкова, Елена Кочарева, Анџелина Ангелова. Честитки за сите вас!
Кастингот за филмот кој се одржа пред три години во југоисточниот регион опфати млада екипа од овој крај на Македонија, а се снимаше на локации во Дојран. Успех и за претставниците од ова поднебје и за убавините на југот од Македонија.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци
Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни
Распишана централна потерница за Сашо Мијалков
Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може
Засадени дрвца во сеќавање на Игор Мицев
Граѓаните на Негорци денеска имаа несекојдневен помен во сеќавање на прерано
ОЈО Гевгелија: 30 дена притвор за вооружен разбојник
Деветнаесет дена по извршениот вооружен грабеж во казино во Богданци
19-годишен гевгеличанец загина во сообраќајна несреќа
Вечерва во 00:50 по полноќ на патниот правец Стар Дојран - Нов Дојран во
Кривична пријава до ЈО Гевгелија за фирми кои избегнале плаќање акциза
Една Гевгелиска и една фирма од Тетово заедно со тројца одговорни лица добија
Приведен разбојник од Стојаково
Со ваков наслов МВР известува дека вчера, вторник, 16.02.2021 по извршен
Ветерен парк кај Миравци - нова инвестиција на ЕСМ
Со грант од 2,4 милиони евра од Германската банка за развој (КФВ) Електрани на
Пристигнаа првте вакцини против ковид-19 во Македонија
Со пакетот од 4.680 од вкупно 8.000 вакцини, што ни пристигна денес од Србија,
Сообраќаен билтен: 11 прекршоци за еден ден
Екипа за контрола на сообраќајот на подрачјето од општина Гевгелија вчера