На 13 октомври Фондацијата „Тоше Просеки“ ја најави промоцијата на новиот постхумен албум на македонскиот познат пејач, една од најголемите ѕвезди на балканската музичка сцена, несреќно починат пред 11 години, миленик на Македонија и Балканот.
Албумот што е изработен во студиото на англискиот продуцент Енди Рајт ќе биде промовиран на концерт посветен на Проески. На албумот насловен „Secret place“ се наоѓаат седум нови песни и три обработки на познати хитови кои ги пее Тоше.
Големиот концерт во чест на Тоше, каде што ќе бидат промовирани песните од новиот албум, ќе се одржи во ВИП-арената „Борис Трајковски“ во Скопје. На истиот е предвидено да настапат балкански и македонски музички ѕвезди кои ќе ги пеат неговите хитови.
Момчето кое ги сакаше сите, доживуван како заштитен знак на Македонија, има уште ноти што ги оставил за својата публика. Сабота, 13 октомври, постхумно, како молитвен спомен за Тоше со неговата музика испеана од неговите балкански колеги, ќе се потсетиме на 11-те години музика без македонскиот „славеј“.