Добрила Ивановска Чабриќ (93) позната пејачка и актерка од Македонија која следејќи ја својата кариера играше на сцени во Србија, Русија, Париз, веќе три децении после пензионирањето живее во Дојран. За време на корона епидемијата кога нема јавни организирани уметнички настани поради забрана на јавни собири, таа изведе бесплатна концертна забава на брегот на Дојранското езеро. Вели да ја почести својата локална публика и да им каже да не заборават да живеат, а самата вели не и' се плаши на короната.
Таа на поновата генерација телевизиска публика и е позната по нејзиното учество во регионалното музичко шоу „Никогаш не е доцна“, каде со нејзината неверојатна енергија, позитивност и талент го освои целиот регион.
Деновиве на јутјуб каналот од “Гранд” објавено е видео од настап на Добрила во Дојран, каде таа покажа дека не се плаши од никаков виpyc. Со својот глас и енергија го подигна расположението на сите оние кои топлото време го искористија да прошетаат покрај езерото.
- “Кај мене секогаш е весело. Не се плашам од никаков виpyc, ниту кopoната ми смета да го правам она што го сакам. Преживеав и полоши години од пандемиjaта”, вели Добрила.
- “Времето го поминувам многу корисно и никогаш не ми е досадно. Ја завршувам полека мојата прва книга во која ќе ги раскажам сите детали и искуства од мојот богат живот. Верувам дека тоа ќе биде бестселер, затоа што имам многу позади себе, што ќе биде поучно за многумина”, додава Добрила.
“Иако имам 93 години, го живеам својот живот кој е многу краток и убав. Искрено да ви кажам, дури сега во овие години ја гледам убавината на животот, а оној кој ќе ме запознае знае дека со мене времето многу брзо поминува. Ниту кopoната не ми смета да живеам со полн здив и да се радувам на работите кои ме прават среќна”, додава македонската уметница од Дојран.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Лишени од слобода двајца жители на о. Гевгелија
Прексиноќа пред полноќ, поточно во средата, жител на Мрзенци и жител на
Три последователни потреси во Грција почувствувани и во Гевгелија
Вечерва од 19:38 часот, 19:53 ч. па до 20:25 часот почуствувани се три
Почувствуван земјотрес во Гевгелија
Благо движење на земјата како лулање во правец југ-север-југ вечерва беше
Собранието со 62 „ЗА“ изгласа доверба на Владата
Парламентарното мнозинство уште еднаш ѝ аплаудираше на Владата. Овој пат за
Хуманитарен Апел за помош на Веселинка
АПЕЛ за помош на Веселина Поп Гонова! - објавија нејзините роднини и пријатели
ВИДЕО: Силен земјотрес во Грција почуствуван и во Македонија
Претпладнево во 11:16 часот се затресе тлото во Лариса, Грција со јачина од 6,2
Кривични пријави за угостител од Гевгелија и возач од Богданци
Гевгелиски угостител и возач од Богданци добиле кривични пријави од ОВР
Пет километарска колона возила кон ГП Богородица
Новиот режим на гранично работење што го најави грчкиот министер за цивилна
Грција ги зајакнува мерките на Евзони и Какавиа
Строгите рестрикации во Грција за спречување на ширењето на коронавирусот се
Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје
Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за