Замина легендата на филмската музика- Енио Мориконе

Понеделник, 06 Јули 2020

Светски познатиот композитор на филмска музика и добитник на Оскар, Eнио Мориконе,, почина на 91-годишна возраст. Починал рано утрово во болница во Рим, откако минатата седмица паднал и ја скршил ногата, соопшти неговиот адвокат Џорџо Асума.

Мориконе е светски познат композитор кој стои зад препознатливите нумери од филмовите „Добриот, лошиот и грдиот“ од 1966 и „Беше еднаш, на дивиот Запад“, од 1968 година.

Атмосферата на прогонување и тензија, без дијалог, во шпагети вестерн филмовите на Серџо Леоне, Енио Мориконе ја боеше со музика.

НЕ ГИ ОПИШУВАМ СЛИКИТЕ СО МОЈАТА МУЗИКА. КОГА ИМА ВАЖЕН ФИЛМ, КЛУЧНО Е МУЗИКАТА ДА КАЖЕ ШТО НЕ Е КАЖАНО, А ШТО НЕ, МОЖЕ ДА СЕ ВИДИ, ВЕЛЕШЕ МОРИКОНЕ.

Тој компонираше музика за повеќе од 500 филмови, од кои 7 се во соработка со режисерот Леоне, со кого се запознаа како деца, во основно училиште.

Роден во Рим, Мориконе до крајот на живот беше негов жител. Кариерата ја започна како трубач, а освои Оскар во 2015 година за музиката во филмот „Осуммината омразени“, во режија на Квентин Тарантино. Номинации за истата награда добија и неговите рани композиции, од 70 до 90- тите години, за филмовите „Денови на небото“ на Теренс Малик , „Мисија“ на Роланд Џоф, „Недопирливи“ на Брајан Де Палма, „Багзи“, на Бари Левинсон и „Малена“ на Џузепе Торнаторе.

Познат како „Маестро“, тој доби почесен Оскар во 2007 година, за неговите различни придонеси во уметноста на филмската музика“, а освои и 11 највисоки италијански награди „Давид ди Донатело“. Композиторот Енио Мориконе диригираше и го отвори фестивалот „Охридско лето“ 2009 година, од каде изразуваат жалење за неговата смрт и благодароност за придонесот кон фестивалот.

На барање на Мориконе, тој ќе биде погребан во кругот на семејството.

Данскиот национален симфониски оркестар со изведба на извонредната и незаборавна негова композиција од легендарниот филм „Добриот, лошиот и грдиот“.




Last modified on Понеделник, 06 Јули 2020 - 14:10

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Кривични пријави за угостител од Гевгелија и возач од Богданци

Гевгелиски угостител и возач од Богданци добиле кривични пријави од ОВР

Повеќе

Пет километарска колона возила кон ГП Богородица

Новиот режим на гранично работење што го најави грчкиот министер за цивилна

Повеќе

Грција ги зајакнува мерките на Евзони и Какавиа

Строгите рестрикации во Грција за спречување на ширењето на коронавирусот се

Повеќе

Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје

Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за

Повеќе

Три кривични пријави за локални возачи

ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за

Повеќе

Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци

Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни

Повеќе

Распишана централна потерница за Сашо Мијалков

Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може

Повеќе

Засадени дрвца во сеќавање на Игор Мицев

Граѓаните на Негорци денеска имаа несекојдневен помен во сеќавање на прерано

Повеќе

ОЈО Гевгелија: 30 дена притвор за вооружен разбојник

Деветнаесет дена по извршениот вооружен грабеж во казино во Богданци

Повеќе

19-годишен гевгеличанец загина во сообраќајна несреќа

Вечерва во 00:50 по полноќ на патниот правец Стар Дојран - Нов Дојран во

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.