Златна Бубамара за Атиџе и „Медена земја“ за интернационален успех

Петок, 28 Февруари 2020

Атиџе Муратовска, хероината од филмот „Медена земја“ македонскиот двоен кандидат за Оскар, синоќа ја прими награда „Златна бубамара“ за најголем интернационален успех заедно со дел од екипата на филмот, режисерката Тамара Котевска и кинематограферот Фејми Даут. На сцената по прогласувањето на добитникот на наградата за интернационален успех се качија и членови на семејството Сам, кои се ито дел од протагонистите во филмот.

- „Не добивме Оскар во Америка, но добивме македонски Оскар“, рече Даут, а Котевска продолжи: „Светот се измори од лажни херои“.

Цела екипа доби аплаузи и овации од публиката, а Атиџе ја запеа својата авторска песна напишана за првата промоција на филмот во Америка на фестивалот „Санденс“.

Македонскиот двојно номиниран оскаровец, филмот „Медена земја“ од 5 ти март започнува со кино дистрибуција низ Австралија и Нов Зеланд, а првите проекции се во кино салите во Мелбурн. Досега филмот беше дистрибуиран низ кината во САД, Велика Британија, Канада, Полска, Ирска, Белгија, Данска, Шпанија, Хрватска, Србија, Словенија, Австрија и Германија, а наскоро ќе се прикажува и низ сите останати земји во Европа, Јужна и Северна Америка, Кина, Јапонија, Јужна Африка и Турција.

Шоуто годинава се одржа под мотото „Нема правда, има Бубамара“ и се доделија награди во 27 категории.

Фото: „Фемина“

Last modified on Петок, 28 Февруари 2020 - 13:24

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Кривични пријави за угостител од Гевгелија и возач од Богданци

Гевгелиски угостител и возач од Богданци добиле кривични пријави од ОВР

Повеќе

Пет километарска колона возила кон ГП Богородица

Новиот режим на гранично работење што го најави грчкиот министер за цивилна

Повеќе

Грција ги зајакнува мерките на Евзони и Какавиа

Строгите рестрикации во Грција за спречување на ширењето на коронавирусот се

Повеќе

Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје

Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за

Повеќе

Три кривични пријави за локални возачи

ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за

Повеќе

Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци

Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни

Повеќе

Распишана централна потерница за Сашо Мијалков

Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може

Повеќе

Засадени дрвца во сеќавање на Игор Мицев

Граѓаните на Негорци денеска имаа несекојдневен помен во сеќавање на прерано

Повеќе

ОЈО Гевгелија: 30 дена притвор за вооружен разбојник

Деветнаесет дена по извршениот вооружен грабеж во казино во Богданци

Повеќе

19-годишен гевгеличанец загина во сообраќајна несреќа

Вечерва во 00:50 по полноќ на патниот правец Стар Дојран - Нов Дојран во

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.