„Медена земја“ нѐ донесе на врвот на Google

Петок, 07 Февруари 2020

Сите се интересираат каде е Македонија: „Медена земја“ нѐ донесе на врвот. Нашата земја е најпребарувана на „Гугл“ на тема за „Оскарите“.

Северна Македонија е на прво место во светот по пребарувања на „Гугл“ за теми поврзани со доделувањето на „Оскарите“, што ќе се одржи в недела, 9 февруари, во Лос Анџелес.

„Гугл трендс“ на „Твитер“ објави дека Северна Македонија, татковината на „Медена земја“, кој е номиниран за „Оскар“, е прво место во светот од каде што најмногу се пребарува на „Гугл“ за „Оскарите.

Документарниот филм „Медена земја“ на режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов е номиниран во две категории – за најдобар документарен филм и за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје. Ова е првпат во историјата македонски филм да биде номиниран во две категории за „Оскар“.

Што се однесува до другите најпребарувани зборови и категории за „Оскарите“, состојбата е следна – од номинираните филмови за главната награда најпребаруван е јужнокорејскиот „Паразит“. Од номинираните во категориите најдобар актер и актерка најпребарувани се Скарлет Јохансон и Леонардо ди Каприо.
Најпребарувано прашање поврзано со „Оскарите“ е: „Кога се „Оскарите“?“, а второ: „За што Коби Брајант има добиено Оскар?“.

Last modified on Петок, 07 Февруари 2020 - 16:48

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Недела на солидарноста во организација на Црвен крст Гевгелија

Црвен крст Гевгелија организира хуманитарна акција во соработка со Црвениот

Повеќе

Донација на Царинска Управа за „Родителската куќа“ на децата болни од карцином

Со традиционална хуамнитарна акција на вработените од Царинската управа, а по

Повеќе

Нова пресуда за Мијалков: 8 години затвор за „Трезор“

Вкупно 28 години затвор за четворица обвинети во случајот „Трезор“ кој се

Повеќе

Камчев останува во Шутка, одлучи Кривичниот Суд

Притворениот Орце Камчев останува зад решетки, во притвор во затворот „Скопје“

Повеќе

Почина Д-р Билјана Ичева

Докторката Билјана Ичева, (1959-2021 г.) вработена во Негорските минерални Бањи

Повеќе

Кривична пријава за гевгелиски угостител

Две кривични пријави за прекршување на здравствените прописи против ковид-19

Повеќе

МВР: Приведени шест лица од криминалната-нарко група

По вчерашната успешна акција на МВР заедно со Американската Агенција за

Повеќе

Гевгелија 1,5 век железничко-трговска трансверзала со Европа

Поставувањето на Железничката пруга во Гевгелија кон крајот на 19 век

Повеќе

МВР: Запленета дрога во вредност од 800.000 евра

МВР денеска во полициска акција организирана заедно со американската агенција

Повеќе

Почина Д-р Лилјана Николова

На 7 април, Светскиот ден на здравството, во вечерните часови, почина доктор

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.