Професорот - документарен филм за Илија Џаџев

Четврток, 06 Февруари 2020

Нема гевгеличанец што не го познава Илија Џаџев. Кој бил тој?

- Гевгеличани, постарите, сигурно го познаваат, но и помладите го знаат бидејќи приказните за него и она што тој го има направено во животот имаат изградено своевиден мит. Но, Илија своевремено додека настапувал со хавајската гитара бил популарен и во поранешна Југославија, а и надвор од неа. Новинарите го нарекувале „осамениот хаваец“ бидејќи бил единствениот што настапувал на хавајска гитара. Со текот на времето, за да го претстават полесно, измислиле дури и нова професија: хаваист. Но, она што е најкарактеристично за Џаџев се над 6.000 бесплатни концерти на сите меридијани. Концерти отсвирени по детски градинки, болници, караули, селски дворови, извиднички кампови, фабрички мензи, пред гладни и сити, пред сиромашни и богати, пред среќни и несреќни. Ако на ова ги додадеме и 17 збирки поезија, два романа, огромниот број афоризми, слободно може да се заклучи дека тој бил голем ерудит, за кој неговите сограѓани често, тогаш, но и денес велат дека живеел пред своето време.

„Професорот“ е нов Документарен филм за универзалниот уметнички и хуманистички подвиг на еден локален херој. Истражување на несекојдневниот животен пат на Илија Џаџев- музичар, виртуоз на хавајска и класична гитара, писател, професор по географија. Приказна за потрагата по еден роман во ракопис. Приказна за авантурата на една хавајска гитара.
Овој човек-феномен отсвирел над 6.000 бесплатни концерти ширум светот, не правејќи разлика дали свири пред луѓе што се од врвот или на дното. Свирел пред претседатели, просјаци, рудари, деца во градинка, студенти во менза, работници во поле, заменувајќи ги концертните сали со родилишта, гробишта, пензионерски домови, рударски окна, патнички и воени бродови, караули, затвори, психијатриски болници, како и плоштадите на поголемите светски метрополи, поминувајќи преку четири милиони километри со својата гитара.

Сценарио и режијата се на Јордан Дуков, Продуцент: Љубиша Арсиќ.
Директор на фотографија: Доријан Миловановиќ, Кристијан Караџовски
Монтажер: Доријан Миловановиќ
Анимација: Крсте Господиновски
Дизајн на звук: Слободан Трајкоски
Истражувач: Жарко Настоски
Музика: Илија Џаџев
Продукција: КАДАР, МАШИНА ПРОДУКЦИЈА
Поддржано од: Агенција за филм на Република Северна Македонија, МРТ, Општина Гевгелија

„Кој вели дека овој век на електроника, атомски аксцелератори, космички брзини, кибернетика не е век на нежност?“ (пишува Нова Македонија, 1967 за концертите на Џаџев).

Децата биле негова омилена публика. Пред да го одржи својот прв концерт во Белград, 1969 година, Илија Џаџев по пристигнувањето, најпрвин свирел во домот за деца без родители "Моша Пијаде".
Концерт за еден пчелар, за еден чистач на чевли, за последниот жител на едно планинско село, за жената која проси на кејот.
Професорот често одржувал концерти во болници, пред болните. Во повеќе наврати, звуците на хавајската гитара ги слушале и пациентите од сите психијатриски установи кај нас.

- „Сите луѓе со кои разговаравме за потребите на овој филм и оф рекорд и он рекорд велеа дека никогаш во животот не сретнале таков човек. Дека тој е оригинална личност, човек кој не може да се стави во некаква рамка, неповторлив по својот дух и темперамент и човек за кого материјалното немало никаква смисла во неговиот живот. Во овој материјален свет, па и во тој од неговото време, луѓето што биле толку посветени на другите, на обичниот човек, алтруистички, на доброволна основа секогаш заслужуваат да бидат ставени на пиедестал“, велат авторите на филмот. Затоа е овој филм. Сеќавање за големиот човек, уметник и хуманист од нашиот крај.

Last modified on Четврток, 06 Февруари 2020 - 12:19

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Недела на солидарноста во организација на Црвен крст Гевгелија

Црвен крст Гевгелија организира хуманитарна акција во соработка со Црвениот

Повеќе

Донација на Царинска Управа за „Родителската куќа“ на децата болни од карцином

Со традиционална хуамнитарна акција на вработените од Царинската управа, а по

Повеќе

Нова пресуда за Мијалков: 8 години затвор за „Трезор“

Вкупно 28 години затвор за четворица обвинети во случајот „Трезор“ кој се

Повеќе

Камчев останува во Шутка, одлучи Кривичниот Суд

Притворениот Орце Камчев останува зад решетки, во притвор во затворот „Скопје“

Повеќе

Почина Д-р Билјана Ичева

Докторката Билјана Ичева, (1959-2021 г.) вработена во Негорските минерални Бањи

Повеќе

Кривична пријава за гевгелиски угостител

Две кривични пријави за прекршување на здравствените прописи против ковид-19

Повеќе

МВР: Приведени шест лица од криминалната-нарко група

По вчерашната успешна акција на МВР заедно со Американската Агенција за

Повеќе

Гевгелија 1,5 век железничко-трговска трансверзала со Европа

Поставувањето на Железничката пруга во Гевгелија кон крајот на 19 век

Повеќе

МВР: Запленета дрога во вредност од 800.000 евра

МВР денеска во полициска акција организирана заедно со американската агенција

Повеќе

Почина Д-р Лилјана Николова

На 7 април, Светскиот ден на здравството, во вечерните часови, почина доктор

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.