Заврши снимањето на последната осма сезона на серијата „Game of thrones“, во која наместо 10 епизоди како во претходните сезони, ќе има 6 епизоди кои ќе бидат временски подолги.
Снимањето и продукцијата на последната сезона траеше девет месеци во потполна тајност за случувањата околу приказната на серијата.
Актерката Софи Тарнер која ја глуми принцезата Санса Старк за медиумите информира дека никој од актерите не го добил сценарието испечатено и дека истото им било достапно само на апликација и веднаш по читањето самото се бришело. Репликите за снимањето актерите ги добивале ден пред снимањето повторно дигитално и во рок од 24 часа сами се бришеле. Сето тоа било така направено за да се држи во строга тајност приказната за крајот на оваа повеќегодишна и најскапо снимен серијал.
Софи додава дека на актерите и на целата група задолжена за снимањето и продукција на серијата им било забрането да сликаат со своите мобилни телефони и дека истите лепеле налепници врз камерите на мобилните со цел да се оневозможи било каква слика да излезе на социјалните мрежи и да оддаде некоја тајна од снимањето.
Премиерата на последните шест епизоди од оваа најскапа серија е најавена за наредната 2019 година.