“Американски измамници“ освоија награда за најдобра актерска екипа

Петок, 24 Јануари 2014

Од престижното Американско здружение на филмски актери наградата за најдобра актерска екипа ја освои филмската постава на “Американски измамници“

Screen Actors Guild (SAG) - главната награда за најдобра актерска постава што ја доделува Американското здружение на филмски актери, годинава беше доделена на актерската постава на филмот „Американски измамници" (American Hustle), на свеченоста што се одржа во Холивуд.

Наградени се актерите Кристиан Бејл, Ејми Адамс, Бредли Купер и Џенифер Лоренс. „Американски измамници" ја заема главната награда во едно од доделувањата кои се сметаат за клучен тест пред доделувањата на Оскарите, а истакнат е и придонесот на режисерот Дејвид О. Расел.

Австралијката Кејт Бланет ја доби наградата за најдобра улога во филмот на Вуди Ален „Џасмин" (Blue Jasmine), додека најдобар актер во изборот за Screen Actors Guild е Метју Мекконахи во „Клубот на купувачи од Далас" (Dallas Buyers Clubu). И двајцата се номинирани за Оскарите во истите категории.

Наградата за животно дело на американското здружение на филмските актери годинава ѝ беше доделена на 82-годишната Рита Морено.Screen Actors Guild го сочинуваа околу 165 илјади членови, а наградите и признанијата се доделуваат секоја година во средината на јануари на церемонија во Лос Анџелес.

Last modified on Петок, 24 Јануари 2014 - 03:28

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Донесени мерките од 5-от пакет економски мерки за граѓаните и фирмите

Од присутни 114 со 113 гласа „ЗА“ Собранието го донесе Законите за финасиска

Повеќе

Две први и 1 второ место за учениците од ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Он лајн учењето изгледа не им нашкоди на нашите ученици во постигнувањето

Повеќе

Недела на солидарноста во организација на Црвен крст Гевгелија

Црвен крст Гевгелија организира хуманитарна акција во соработка со Црвениот

Повеќе

Донација на Царинска Управа за „Родителската куќа“ на децата болни од карцином

Со традиционална хуамнитарна акција на вработените од Царинската управа, а по

Повеќе

Нова пресуда за Мијалков: 8 години затвор за „Трезор“

Вкупно 28 години затвор за четворица обвинети во случајот „Трезор“ кој се

Повеќе

Камчев останува во Шутка, одлучи Кривичниот Суд

Притворениот Орце Камчев останува зад решетки, во притвор во затворот „Скопје“

Повеќе

Почина Д-р Билјана Ичева

Докторката Билјана Ичева, (1959-2021 г.) вработена во Негорските минерални Бањи

Повеќе

Кривична пријава за гевгелиски угостител

Две кривични пријави за прекршување на здравствените прописи против ковид-19

Повеќе

МВР: Приведени шест лица од криминалната-нарко група

По вчерашната успешна акција на МВР заедно со Американската Агенција за

Повеќе

Гевгелија 1,5 век железничко-трговска трансверзала со Европа

Поставувањето на Железничката пруга во Гевгелија кон крајот на 19 век

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.