Хрватскиот музичар и композитор Рајко Дујмиќ почина денеска на 66-годишна возраст како последица од повредите здобиени во сообраќајна несреќа.
Дујмиќ минатата среда имаше сообраќајна несреќа, кога кај местото Рамна Гора загуби контрола над воланот и слета во бездна. Веднаш потоа бил сместен на Одделот за интензивна нега во Клиничкиот центар во Риека.
Во несреќата се здобил со тешка повреда на главата и бил во кома, вклучен на респираторна машина.
Дујмиќ беше основач на популарната група „Нови фосили“ и автор на песната „Rock me“, која во 1989 година првпат и донесе победа на поранешна Југославија на Евровизија.
Автор е на песната „Ѕвона ѕвонат“ со која Љупка Димитровска победи на Макфест 1990 и освои пет награди.
Првиот настап на „Евросонг“ со групата „Нови фосили“ Рајко ја имаше во 1987 година со песната „Ја сам за плес“.
Хрватската радиотелевизија денеска во сеќавање на починатиот музички великан од своите простори со завидна кариера во бившите југословенски простори ја објави песната на Дујмиќ „Милена“.
А ова е оригиналот од 1984 година.
Почивај во мир маестро. Спои многу генерации, разнежи многу срца.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Почина Веселинка Поп Гонова
Утрово во Клиника „Жан Митрев“ воСкопје, каде што беше хоспитализирана оваа
Лишени од слобода двајца жители на о. Гевгелија
Прексиноќа пред полноќ, поточно во средата, жител на Мрзенци и жител на
Три последователни потреси во Грција почувствувани и во Гевгелија
Вечерва од 19:38 часот, 19:53 ч. па до 20:25 часот почуствувани се три
Почувствуван земјотрес во Гевгелија
Благо движење на земјата како лулање во правец југ-север-југ вечерва беше
Собранието со 62 „ЗА“ изгласа доверба на Владата
Парламентарното мнозинство уште еднаш ѝ аплаудираше на Владата. Овој пат за
Хуманитарен Апел за помош на Веселинка
АПЕЛ за помош на Веселина Поп Гонова! - објавија нејзините роднини и пријатели
ВИДЕО: Силен земјотрес во Грција почуствуван и во Македонија
Претпладнево во 11:16 часот се затресе тлото во Лариса, Грција со јачина од 6,2
Кривични пријави за угостител од Гевгелија и возач од Богданци
Гевгелиски угостител и возач од Богданци добиле кривични пријави од ОВР
Пет километарска колона возила кон ГП Богородица
Новиот режим на гранично работење што го најави грчкиот министер за цивилна
Грција ги зајакнува мерките на Евзони и Какавиа
Строгите рестрикации во Грција за спречување на ширењето на коронавирусот се