Филмската акционата ѕвезда Вин Дизел познат по своите возбудливи улоги на филмското платно, неодамна покажа дека добро се снаоѓа и со танцувањето.
Тој на својот Фејсбук профил објави видео на кое фаќа ритам со музиката од хитови на Кети Пери и Бијонсе.
Очигледно најмногу му лежат познатите хит нумери: „Drunk love” на Бијонсе и „Dark horse” на Кети Пери.
На мускулестото момче воопшто не му беше тешко да се снајде во точките и да ужива на свој начин.
Ова е уште еден приказ дека фејсбук манијата не им е имуна дури и во однос на ѕвездите, како начин на забава и одржување на контакт со своите фанови, секако и симпатизерите на одбраните музички ѕвезди.