Целта е остварена: Македонија со победа над Чиле продолжува во следната фаза од мундијалот и го продолжи престојот во Египет!
Македонија го доби директниот дуел со Чиле и ја запиша првата победа на Светското првенство во Египет (32-29). Овој триумф значи дека македонските репрезентативци ќе го продолжат престојот на турнирот и ќе играат во следната фаза, каде ќе разигруваат со најдобрите од групата Х.
По нереализираниот удар на Лазаров, чилеанската репрезентација го постигна првиот погодок на натпреварот и го отвори резултатот. Добра вест за нашиот тим беше расположението на Митревски кој врза неколку одбрани во низа во продолжението. Видлива беше промената во пристапот кај македонските ракометари, кои знаеја дека се под притисок да обезбедат победа и со тоа пласман во следната фаза.
Јужноамериканците започнаа подобро и покажаа поквалитетна организација. Се чувствуваше нервоза во нашите редови, која не ни дозволуваше да ја развиеме препознатливата игра. Костески по еден промашен зицер го реализира првенецот, а веќе во следниот напад ја врати Македонија во егал (4-4). Лазаров не погоди во неколку обиди, па неговата резервираност ни донесе помалку опции во офанзивата. Македонскиот капитен конечно погоди дури во 17. минута од мечот, дебитираше и Крстевски, а серијата голови ја продолжи Лазаров со втор гол, овојпат од седум метри.
Темпото на игра беше идентично во сите 30 минути. Македонската селекција се обидуваше со бавни напади, а Чилеанците со брзи контри го реализираа планот пред мечот. Ниту одличниот период на Костески не донесе позитива за избраниците на Брестовац, кој повика тајм-аут за да внесе мир и да подели совети во самиот финиш од првиот дел. Проблемите во одбраната беа очигледни, па тоа беше причина за нашата минимална негатива на пауза (16-17).
Македонија постигна два брзи гола, го врати водството на стартот од второто полувреме и ја презеде контролата над мечот. Позитивата од еден гол во наша полза беше честа појава на семафорот. Меѓутоа Чиле имаше одговор на секоја наша реализација и не дозволуваше повисока предност. Се разигра Пешевски, кој беше првата опција на Лазаров во неколку напади во низа.
Конечно Кузмановски погоди за +2, неколку минути подоцна Димитриовски промаши за три гола разлика, а проблемите го натераа чилеанскиот селектор да повика минута пауза. Тоа не донесе никаква промена, бидејќи македонските ракометари одиграа на идентично ниво и конечно ја израдуваа нацијата со прва победа на светскиот собир. Томовски се надоврза од клупата за резерви со два одбранети пенали, кои предизвикаа уште подобра атмосфера во нашиот табор.
Лазаров со осум гола беше најефикасен во македонската репрезентација. Го следеа Пешевски и Костески со пет, а блескаше Митревски кој заврши со 14 интервенции.
Извор: гол.мк
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци
Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни
Распишана централна потерница за Сашо Мијалков
Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може
Засадени дрвца во сеќавање на Игор Мицев
Граѓаните на Негорци денеска имаа несекојдневен помен во сеќавање на прерано
ОЈО Гевгелија: 30 дена притвор за вооружен разбојник
Деветнаесет дена по извршениот вооружен грабеж во казино во Богданци
19-годишен гевгеличанец загина во сообраќајна несреќа
Вечерва во 00:50 по полноќ на патниот правец Стар Дојран - Нов Дојран во
Кривична пријава до ЈО Гевгелија за фирми кои избегнале плаќање акциза
Една Гевгелиска и една фирма од Тетово заедно со тројца одговорни лица добија
Приведен разбојник од Стојаково
Со ваков наслов МВР известува дека вчера, вторник, 16.02.2021 по извршен
Ветерен парк кај Миравци - нова инвестиција на ЕСМ
Со грант од 2,4 милиони евра од Германската банка за развој (КФВ) Електрани на
Пристигнаа првте вакцини против ковид-19 во Македонија
Со пакетот од 4.680 од вкупно 8.000 вакцини, што ни пристигна денес од Србија,
Сообраќаен билтен: 11 прекршоци за еден ден
Екипа за контрола на сообраќајот на подрачјето од општина Гевгелија вчера