Подмладената македонска ракометна репрезентација не можеше на терен да и' парира и да ја надигра нестандардната постава на шведската ракометна репрезентација во првиот дуел од групата „Г“ на Светското првенство во ракомет, Египет 2021, што се одигра вечерва.
Брзата игра и убедливиот пораз од 32-20 од селекцијата на Шведска не остави простор за изненадување против фаворитот пред македонските репрезентативци. Швеѓаните настапија без деветмина стандардни првотимци, но дури и со таков состав делуваа премоќно во однос на нашиот подмладен тим, доминираа во секој аспект на ракометната игра и заслужено стигнаа до убедлив триумф. Македонија одигра катастрофално во одбраната во голем дел од натпреварот, немајќи одговор за брзата игра на противникот, но имавме сериозен проблем и во нападот, за што доволен доказ е бројот на постигнати погодоци.
Првиот напад го имаше Македонија, Стоилов изнуди исклучување, а Мартин Поповски извонредно реализираше од крило на асистенција на Лазаров. Во следнот напад Стоилов погоди за водство од 2-1, но Швеѓаните одговорија со два гола за нивна прва предност на мечот (2-3). Одбраната имаше многу проблеми да ги запре шведските напади, па во првите девет минути примивме шест погодоци (4-6). Лазаров во 10. минута го промаши и вториот шут во низа, а Ване реализираше од контранапад за најубедливи 4-7.
Противникот сепак го диктираше темпото до крајот на полувремето и на одмор замина со 16-11, a натпреварот заврши со победа на Шведска од 12 голови предност и резултат 32:20.
Кире Лазаров со пет гола (три од пенал) беше најефикасен во македонскиот состав, додека по двапати прецизни беа Стоилов, Пешевски, Поповски и Костески. Најдобар поединец на натпреварот беше Швеѓанецот Ване со 11 погодоци.
Следен предизвик за македонската репрезентација е дуелот со домаќинот Египет, што на програмата е в сабота со почеток во 18 часот.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци
Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни
Распишана централна потерница за Сашо Мијалков
Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може
Засадени дрвца во сеќавање на Игор Мицев
Граѓаните на Негорци денеска имаа несекојдневен помен во сеќавање на прерано
ОЈО Гевгелија: 30 дена притвор за вооружен разбојник
Деветнаесет дена по извршениот вооружен грабеж во казино во Богданци
19-годишен гевгеличанец загина во сообраќајна несреќа
Вечерва во 00:50 по полноќ на патниот правец Стар Дојран - Нов Дојран во
Кривична пријава до ЈО Гевгелија за фирми кои избегнале плаќање акциза
Една Гевгелиска и една фирма од Тетово заедно со тројца одговорни лица добија
Приведен разбојник од Стојаково
Со ваков наслов МВР известува дека вчера, вторник, 16.02.2021 по извршен
Ветерен парк кај Миравци - нова инвестиција на ЕСМ
Со грант од 2,4 милиони евра од Германската банка за развој (КФВ) Електрани на
Пристигнаа првте вакцини против ковид-19 во Македонија
Со пакетот од 4.680 од вкупно 8.000 вакцини, што ни пристигна денес од Србија,
Сообраќаен билтен: 11 прекршоци за еден ден
Екипа за контрола на сообраќајот на подрачјето од општина Гевгелија вчера