На „Охрид трчаТ 2020“ учествуваа 4 гевгелиски атлетичари, Атанас пристигна 6-ти

Недела, 30 Август 2020

Денес наутро во Охрид, на трката „Охрид трчаТ 2020“ меѓу 485 учесници, тркачи и маратонци од државата, учествуваа 4-ца натпреварувачи од Гевгелија, членови на Атлетскиот клуб „7-ми ноември“. Атанас Епов го освои 6то место во генерална конкуренција во трката на 5 километри, додека Никола Ковачев, Ангел Арнаудов и Валентина Узунова успешно го финишираа полумаратонот!

Трката беше поздравена од бројни поддржувачи меѓу кои и Министерството за здравство, особено за посветените тркачи кои своето трчање го посветија на болните од ретки болести во државата.
Така беше и со гевгелиските учесници кои трка ја посветија на заболените од пулмонална хипертензија, ретка и опака болест која остава без здив, а неодамна битката со ПХ ја изгуби и претседателката на гевгелиското здружение на лицата заболени од ПХ „Момент плус“ од Гевгелија Ѓургица Ќаева.
Резултатите не им се битни. Трчаа за здравје, за видливост на проблемите на болните од ретки болести во државата, за болните од ПХ, за својот клуб.

Спортисти, пријатели, роднини и поддржувачи на лицата со ретки болести во Охрид на спортската манифестација „Охрид трчат“ денес повторно подадоа рака за подигање на јавната свест за потребите на пациентите со со ретки болести.
Во Струга пак кајакарите од Спортско-рекреативниот клуб „Соларис“ и хотел „Боград Apartments and lounge station“ од Струга со поддршка на Ретки болести Охрид, прв пат годинава веслаа и пратија порака за пациентите со ретки болести дека не се невидливи и не се сами.

Честитките и медаљите отидоа во рацете на Дарио Ивановски и Билјана Кираџиева кои славеа на трката на 21 километар во рамки на „Охрид трчат“.
Ивановски славеше со време од 1 час, 16 минути и 23 секунди, додека со само 12 секунди задоцнување зад него финишираше Атанас Анчевски, додека место на подиумот имаше и за Милош Ранчиќ.

Кај атлетичарките, Кираџиева славеше со време од 1 час, 26 минути и 43 секунди, пред Милјана Ристиќ и Адријана Поп Арсова.
На рекреативната трка од пет километри, најбрз беше Димитар Петровск, додека кај девојките победи Бојана Наумовска.

Еве ги имињата на оние кои се качија на победничките места од прво до трето со постигнатите резултати во двете трки и по категории:

21 километар
Машки:
1.Дарио Ивановски (1.16.23)
2.Атанас Анчевски (1.16.35)
3.Милош Ранчиќ (1.17.10)
Женски:
1. Биљана Кираџиева (1.26.43)
2.Милјана Ристиќ (1.26.47)
3.Андријана Поп Арсова (1.29.18)

5 километри
Машки
1.Димитар Петровски (18:54)
2.Григоријан Никовски (19.37)
3.Кристијан Стојани (19.38)
Женски
1.Бојана Наумовска (23.29)
2.Елена Даниловска (23.34)
3.Ејоне Куфе (24.37)


Last modified on Недела, 30 Август 2020 - 17:12

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Донесени мерките од 5-от пакет економски мерки за граѓаните и фирмите

Од присутни 114 со 113 гласа „ЗА“ Собранието го донесе Законите за финасиска

Повеќе

Две први и 1 второ место за учениците од ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Он лајн учењето изгледа не им нашкоди на нашите ученици во постигнувањето

Повеќе

Недела на солидарноста во организација на Црвен крст Гевгелија

Црвен крст Гевгелија организира хуманитарна акција во соработка со Црвениот

Повеќе

Донација на Царинска Управа за „Родителската куќа“ на децата болни од карцином

Со традиционална хуамнитарна акција на вработените од Царинската управа, а по

Повеќе

Нова пресуда за Мијалков: 8 години затвор за „Трезор“

Вкупно 28 години затвор за четворица обвинети во случајот „Трезор“ кој се

Повеќе

Камчев останува во Шутка, одлучи Кривичниот Суд

Притворениот Орце Камчев останува зад решетки, во притвор во затворот „Скопје“

Повеќе

Почина Д-р Билјана Ичева

Докторката Билјана Ичева, (1959-2021 г.) вработена во Негорските минерални Бањи

Повеќе

Кривична пријава за гевгелиски угостител

Две кривични пријави за прекршување на здравствените прописи против ковид-19

Повеќе

МВР: Приведени шест лица од криминалната-нарко група

По вчерашната успешна акција на МВР заедно со Американската Агенција за

Повеќе

Гевгелија 1,5 век железничко-трговска трансверзала со Европа

Поставувањето на Железничката пруга во Гевгелија кон крајот на 19 век

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.