Ѓоковиќ со Титула во Синсинати со која испиша историја

Сабота, 29 Август 2020

Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ стигна до втората титула на Мастерсот Синсинати. Тој во финалето славеше против Канаѓанецот Милош Раониќ со 2-1 по сетови 1-6, 6-3 и 6-4. Со што стана единствениот тенисер во историјата кој успеал по два пати да ги освои сите Мастерси

Србинот катастрофално го отвори мечот и му дозволи на противникот да поведе со 1-0, фуриозно освојувајќи го првиот сет со 6-1. Во вториот сет се стабилизираше играта на Ѓоковиќ израмни на 1-1 (6-3) и го одведе мечот во одлучувачкиот трет се. Раониќ прв стигна до брејк и поведе со 2-0, но тоа беше се од Канаѓанецот. Првиот светски рекет освои четири гема по ред, кои беа доволни за конечен триумф од 6-4.

Ѓоковиќ стигна до втората титула на Синсинати турнирот со што стана единствениот тенисер во историјата кој успеал по два пати да ги освои сите Мастерси. Исто така тој е единствен што ги има обединето сите девет турнири од серијата. Покрај овој рекорд Србинот се' уште е непоразен годинава и има 23 победи во низа. Рекордот за најмногу победи во низа од почеток на година е во негова сопственост кога во 2011 стигна до бројката од 43, пред да биде поразен од Роџер Федерер во полуфиналето на Ролан Гарос.


Last modified on Сабота, 29 Август 2020 - 22:23

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Донесени мерките од 5-от пакет економски мерки за граѓаните и фирмите

Од присутни 114 со 113 гласа „ЗА“ Собранието го донесе Законите за финасиска

Повеќе

Две први и 1 второ место за учениците од ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Он лајн учењето изгледа не им нашкоди на нашите ученици во постигнувањето

Повеќе

Недела на солидарноста во организација на Црвен крст Гевгелија

Црвен крст Гевгелија организира хуманитарна акција во соработка со Црвениот

Повеќе

Донација на Царинска Управа за „Родителската куќа“ на децата болни од карцином

Со традиционална хуамнитарна акција на вработените од Царинската управа, а по

Повеќе

Нова пресуда за Мијалков: 8 години затвор за „Трезор“

Вкупно 28 години затвор за четворица обвинети во случајот „Трезор“ кој се

Повеќе

Камчев останува во Шутка, одлучи Кривичниот Суд

Притворениот Орце Камчев останува зад решетки, во притвор во затворот „Скопје“

Повеќе

Почина Д-р Билјана Ичева

Докторката Билјана Ичева, (1959-2021 г.) вработена во Негорските минерални Бањи

Повеќе

Кривична пријава за гевгелиски угостител

Две кривични пријави за прекршување на здравствените прописи против ковид-19

Повеќе

МВР: Приведени шест лица од криминалната-нарко група

По вчерашната успешна акција на МВР заедно со Американската Агенција за

Повеќе

Гевгелија 1,5 век железничко-трговска трансверзала со Европа

Поставувањето на Железничката пруга во Гевгелија кон крајот на 19 век

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.