Ѓоковиќ со пресврт го победи Баутиста Агут

Сабота, 29 Август 2020

Светските спортски медиуми со наслов „Новак Ѓоковиќ успеа да го „преживее“ Шпанецот Роберто Баутиста Агут“ известија за пласманот во новото седмо финале на српскиот тенисер на Синсинати мастерсот, кој годинава поради пандемијата од коронавирусот се одржува на терените на УС опен во Њујорк.
Ѓоковиќ до победата стигна по пресврт со 2-1, по сетови 4-6, 6-4 и 7-6. Српскиот тенисер имаше многу проблеми во текот на мечот. Повредата на вратот која го ја влече цел турнир повторно беше присутна, а се пожали и на болки во стомакот.

На стартот секогаш незгодниот Шпанец повторно го оправда епитетот и успевајќи да ја умртви играта на Србинот стигна до водство освојувајќи го првиот сет со 6-4. Во вториот сет првиот рекет на светот врати со иста мера и го однесе дуелот во одлучувачкиот трет сет. Натпреаврот продожи како на клацкалка и во одлучувачкиот сет. Агут прв стигна до брејк и поведе со 2-1, по што следуваше серија од четири гема на Србинот и водство од 5-2. Кога се мислеше дека е урнат отпорот на противникот Агут успеа да врати со иста мера и да стигне до предност од 6-5 и да сервира за меч. Но, повторно следеше нов брејк овој пат од страна на Ѓоковиќ и натпреварот отиде во решавачкиот тај-брејк, кој најдобриот тенисер на светот го доби со максимални 7-0.

Во финалето Ѓоковиќ за противник ќе го има Канаѓанецот Милош Раониќ кој во првииот полуфинален дуел денеска беше подобар од грчкиот тенисер Стефанос Циципас со 2-0, по сетови 7-6 и 6-3. Доколку го совлада Канаѓанецот, Ѓоковиќ ќе стигне до втората титула на Синсинати мастерсот со која ќе влезе во историјата како единствен тенисер кој по двапати во кариерата ги освоил сите турнири од АТП Мастерс 1000 серијата. За потсетување тој е единствениот кој ги има обединето титулите на сите Мастерси.


Last modified on Сабота, 29 Август 2020 - 03:05

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Донесени мерките од 5-от пакет економски мерки за граѓаните и фирмите

Од присутни 114 со 113 гласа „ЗА“ Собранието го донесе Законите за финасиска

Повеќе

Две први и 1 второ место за учениците од ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Он лајн учењето изгледа не им нашкоди на нашите ученици во постигнувањето

Повеќе

Недела на солидарноста во организација на Црвен крст Гевгелија

Црвен крст Гевгелија организира хуманитарна акција во соработка со Црвениот

Повеќе

Донација на Царинска Управа за „Родителската куќа“ на децата болни од карцином

Со традиционална хуамнитарна акција на вработените од Царинската управа, а по

Повеќе

Нова пресуда за Мијалков: 8 години затвор за „Трезор“

Вкупно 28 години затвор за четворица обвинети во случајот „Трезор“ кој се

Повеќе

Камчев останува во Шутка, одлучи Кривичниот Суд

Притворениот Орце Камчев останува зад решетки, во притвор во затворот „Скопје“

Повеќе

Почина Д-р Билјана Ичева

Докторката Билјана Ичева, (1959-2021 г.) вработена во Негорските минерални Бањи

Повеќе

Кривична пријава за гевгелиски угостител

Две кривични пријави за прекршување на здравствените прописи против ковид-19

Повеќе

МВР: Приведени шест лица од криминалната-нарко група

По вчерашната успешна акција на МВР заедно со Американската Агенција за

Повеќе

Гевгелија 1,5 век железничко-трговска трансверзала со Европа

Поставувањето на Железничката пруга во Гевгелија кон крајот на 19 век

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.