Победа за Вале, животна загуба на Ѓургица

Сабота, 15 Август 2020

Гевгелиската спортистка Валентина Узунова, член на Атлетскиот клуб „7-ми Ноември“ од Гевгелија денеска истрча прва и го освои златниот медал на трката што се организираше во Националниот парк Пелистер, 18 километри ултра планинарско трчање „Pelister ultra trail“ во женска конкуренција.

Пред половина час таа ја објави својата победа, но и загуба на посветената пријателка, другарка, инспирација за чија борба за живот, здравје, здив ги посветуваше сите свои трки - Ѓургица Ќаева и Здружението на болните од Пулмонална хипертензија „Момент плус“ од Гевгелија.

Расплакана на подиумот со реден број 1 за победникот и фотографија со последната прегратка со Ѓургица пред стартот, Валентина се прости од својата „спортска муза“ на која и' ги посвети сите свои трки и победи.

- „Што да кажам. Заврши трката... Со душа трчав за мојата душа... Ѓургица... Истрчав, а она само што почина. ИЗГУБИВ ПРИЈАТЕЛ БОРЕЦ, СЕСТРА ПО ДУША.
Продолжувам со мојата борба... За пациентите со ПХ како што се бореше и Ѓургица.
ЦВЕЌЕ ЗА ЃУРГИЦА, НЕЈЗИНА ТРКА!“ - напиша Валентина на социјалните мрежи.

Честиитки за победата Валентина, која за жал ти донесе солзи за загубата на еден млад живот.
Вечен спокој за тркачката инспирација Ѓургица Каева, младиот борец од Гевгелија со пулмонална хипертензија.

Last modified on Сабота, 15 Август 2020 - 16:40

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Донесени мерките од 5-от пакет економски мерки за граѓаните и фирмите

Од присутни 114 со 113 гласа „ЗА“ Собранието го донесе Законите за финасиска

Повеќе

Две први и 1 второ место за учениците од ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Он лајн учењето изгледа не им нашкоди на нашите ученици во постигнувањето

Повеќе

Недела на солидарноста во организација на Црвен крст Гевгелија

Црвен крст Гевгелија организира хуманитарна акција во соработка со Црвениот

Повеќе

Донација на Царинска Управа за „Родителската куќа“ на децата болни од карцином

Со традиционална хуамнитарна акција на вработените од Царинската управа, а по

Повеќе

Нова пресуда за Мијалков: 8 години затвор за „Трезор“

Вкупно 28 години затвор за четворица обвинети во случајот „Трезор“ кој се

Повеќе

Камчев останува во Шутка, одлучи Кривичниот Суд

Притворениот Орце Камчев останува зад решетки, во притвор во затворот „Скопје“

Повеќе

Почина Д-р Билјана Ичева

Докторката Билјана Ичева, (1959-2021 г.) вработена во Негорските минерални Бањи

Повеќе

Кривична пријава за гевгелиски угостител

Две кривични пријави за прекршување на здравствените прописи против ковид-19

Повеќе

МВР: Приведени шест лица од криминалната-нарко група

По вчерашната успешна акција на МВР заедно со Американската Агенција за

Повеќе

Гевгелија 1,5 век железничко-трговска трансверзала со Европа

Поставувањето на Железничката пруга во Гевгелија кон крајот на 19 век

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.