Златен медал за Валентина Узунова на трката „Титов врв Sky Race“

Понеделник, 29 Јуни 2020

Нашата атлетичарка од југот на Македонија, Валентина Узунова, во неделата 28 јуни ја истрча трасата од 21 километар на Титов врв, на надмораска височина од 2.100 метри и при тоа го освои Првото место и златен медал во нејзината категорија „Омилена трка“.

Нејзиниот матичен клуб, Атлетскиот клуб „7-ми Ноември“ од Гевгелија се горди на постигнатото и велат: „Нашиот член Валентина Узунова, денес учествуваше на Titov Vrv SkyRace во должина од 21 км и искачување низ патеката од 2.100 метри! Учесниците беа соочени со разни временски услови кое го има планинското трчање, со сонце, магла, грмотевици и град. Валентина го освои првото место во нејзината категорија!“

Се работи за високопланински терен над 2000 мнв, карпест терен, а временските услови нагло го менуваа својот карактер, што е отежнувачки за тркачите, захтевен за учесниците, па затоа победуваат тие со најдобра физичка кондициона подготовка. После корона апстинирањето на спортистите од јавни спортски настапи ова е голем успех и достигнвање за Валентина.

Валентина стартуваше како 38ма по ред од вкупно 46 атлетичари во двете категории (мажи и жени), со број 31. Стартуваше, поради ковид мерките, во терминот од 2:51:00 часот, а на целта пристигна во 5:31:20 часот, што значи дека трасата ја истрча за 2 часа 30 минути и 20 секунди. Тоа нејзе и донесе 9-то место во комплетен пласман од сите учесниците од обата пола.

Победничкото трио кај машките учесници:
- Прво место и златен медал за Дејан Ангелоски со време од 2:39:47 ч.(нов рекорд)
- Второ место и сребрен медал за Александар Кирковски со време од 2:42:20 часа
- Трето место и бронзен медал за Атанас Анчевски со време од 2:52:00 часа.

Моќен подиум и кај женските учеснички:
- Прво место и златен медал за Елена Ртоска 3:43:11 ч. (нов рекорд)
- Второ место и сребрен медал за Сања Најдовски 4:01:23
- Трето место и бронзен медал за Ивана Пекевска 4:15:49 ч.

Секој натпреварувач доби уникатен метален „ФИНИШЕР медал“ за успешно завршување на тешкиот планински предизвик! Медалите се дело на „Pehar Skopje“. Заедно со освоениот златен медал нашата Валентина го понесе и медалот „ФИНИШЕР“ за учеството на планинарската трка „Титов врв Sky Race“.

На патеката од страна на организаторот беа обезбедени три точки (објекти) каде секој од тркачите можеше да се засолни, во случај на нагло влошување на времето и опасност од грмежи, и тоа во куќарката на крајот од жичарата Церипашина (на 3 км од старт), бункерот на КТ Антени 2.520 мнв (на 4,5 км од старт) и кулата на Титов Врв 2.747 мнв. Организатор на трката беше Планинарскиот клуб „Македон“ од Скопје.

Last modified on Понеделник, 29 Јуни 2020 - 01:19

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Донесени мерките од 5-от пакет економски мерки за граѓаните и фирмите

Од присутни 114 со 113 гласа „ЗА“ Собранието го донесе Законите за финасиска

Повеќе

Две први и 1 второ место за учениците од ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Он лајн учењето изгледа не им нашкоди на нашите ученици во постигнувањето

Повеќе

Недела на солидарноста во организација на Црвен крст Гевгелија

Црвен крст Гевгелија организира хуманитарна акција во соработка со Црвениот

Повеќе

Донација на Царинска Управа за „Родителската куќа“ на децата болни од карцином

Со традиционална хуамнитарна акција на вработените од Царинската управа, а по

Повеќе

Нова пресуда за Мијалков: 8 години затвор за „Трезор“

Вкупно 28 години затвор за четворица обвинети во случајот „Трезор“ кој се

Повеќе

Камчев останува во Шутка, одлучи Кривичниот Суд

Притворениот Орце Камчев останува зад решетки, во притвор во затворот „Скопје“

Повеќе

Почина Д-р Билјана Ичева

Докторката Билјана Ичева, (1959-2021 г.) вработена во Негорските минерални Бањи

Повеќе

Кривична пријава за гевгелиски угостител

Две кривични пријави за прекршување на здравствените прописи против ковид-19

Повеќе

МВР: Приведени шест лица од криминалната-нарко група

По вчерашната успешна акција на МВР заедно со Американската Агенција за

Повеќе

Гевгелија 1,5 век железничко-трговска трансверзала со Европа

Поставувањето на Железничката пруга во Гевгелија кон крајот на 19 век

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.