Короната го одложи Адриа Тур - сите тенисери ќе бидат тестирани

Недела, 21 Јуни 2020

Пред почетокот на финалето на Адриа Тур во Задар, корона позитивниот извештај за бугарскиот тенисер Григор Димитров, го одложи турнирот и јавно известената публика на трибините за неколку минути ја напушти тениската арена. Сега, организаторот ги превзема сите мерки, сите учесници, соработници на тимовите и самиот протагонист и организатор на хуманитарниот турнир Новак Ѓоковиќ, заедно со сите останати учесници на Адрија Тур, да бидат тестирани на Ковид-19.

Бугарскиот тенисер Григор Димитров објави дека е позитивен на новиот коронавирус непосредно пред почетокот на финалето на Адрија Тур во Задар. Ова предизвика паника, а сите тенисери кои учествуваа на турнирот ќе мораат да бидат тестирани. Меѓу нив се Новак Ѓоковиќ, Александер Зверев, Андреј Рубљов, Данило Петровиќ, Пеџа Крстин, Нино Сердарушиќ, Марин Чилиќ и Борна Ќориќ.

За потсетување, поради состојбата на Григор Димитров, финалето на турнирот е откажано.
- „Само што ја примивме веста дека Димитров е позитивен на коронавирусот, ќе мораме да го откажеме финалето поради безбедноста на сите нас, тенисерите и сите луѓе“, изјави директорот на турнирот Горан Иванишевиќ.

Исто така ќе бидат тестирани и сите членови на организацијата, потврдија раководствените членови на Адрија Тур, Ѓорѓе Ѓоковиќ и Горан Иванишевиќ.

Иванишевиќ истакна дека пред три дена бил тестиран на коронавирус и дека бил негативен, но дека повторно ќе ги провери резултатите.

„Ова е огромен шок. Разговаравме со сите здравствени установи, Владата, кризниот штаб… Сите ќе се тестираат кои биле во контакт со него“, изјави Иванишевиќ.

Според српските медиуми, не е исклучено ниту Новак Ѓоковиќ да е позитивен на коронавирус, со оглед на тоа дека во измиантите десетина денови имаше интензивни контакти со Димитров, како во Белград, така и во Задар, каде играа и кошарка еден против друг.

Last modified on Недела, 21 Јуни 2020 - 22:14

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Донесени мерките од 5-от пакет економски мерки за граѓаните и фирмите

Од присутни 114 со 113 гласа „ЗА“ Собранието го донесе Законите за финасиска

Повеќе

Две први и 1 второ место за учениците од ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Он лајн учењето изгледа не им нашкоди на нашите ученици во постигнувањето

Повеќе

Недела на солидарноста во организација на Црвен крст Гевгелија

Црвен крст Гевгелија организира хуманитарна акција во соработка со Црвениот

Повеќе

Донација на Царинска Управа за „Родителската куќа“ на децата болни од карцином

Со традиционална хуамнитарна акција на вработените од Царинската управа, а по

Повеќе

Нова пресуда за Мијалков: 8 години затвор за „Трезор“

Вкупно 28 години затвор за четворица обвинети во случајот „Трезор“ кој се

Повеќе

Камчев останува во Шутка, одлучи Кривичниот Суд

Притворениот Орце Камчев останува зад решетки, во притвор во затворот „Скопје“

Повеќе

Почина Д-р Билјана Ичева

Докторката Билјана Ичева, (1959-2021 г.) вработена во Негорските минерални Бањи

Повеќе

Кривична пријава за гевгелиски угостител

Две кривични пријави за прекршување на здравствените прописи против ковид-19

Повеќе

МВР: Приведени шест лица од криминалната-нарко група

По вчерашната успешна акција на МВР заедно со Американската Агенција за

Повеќе

Гевгелија 1,5 век железничко-трговска трансверзала со Европа

Поставувањето на Железничката пруга во Гевгелија кон крајот на 19 век

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.