Две години од смртта на првиот гевгелиски патник кон Хималаите - д-р Петков

Среда, 20 Мај 2020

На 20 мај 2018 година во утринските часови, во обид да искачи највисокиот врв во светот Монт Еверес, ненадејно почина алпинистот д-р Георги Петков од Гевгелија. Трагичната вест која ја соопштија официјални преставници од базниот логор на Хималаите тој ден, пред две години, го обиколи светот како извештај дека тоа беше четвртата жртва таа година што ја зедоа висините на Хималаите.

Медиумите објавија дека планинарот колабирал на 800 метри од врвот Монт Еверест, а неговото тело било симнато од колегите до Кампот три на непалската страна од врвот, на надморска височина од 7.200 метри.

„Нашиот тим во базниот камп ја потврдува неговата смрт“, изјавил организаторот на експедицијата Исвари Пудел од Хималајските водичи на Непал.

Локалните медиуми пишуваат дека алпинистот починал од срцев удар и е четврт смртен случај во оваа пролетна сезона на искачување на Хималаите.

Петков беше дел од експедицијата предводена од британскиот планинар и лидер за комерцијална експедиција, Тим Мосејдеј.

На поход кон искачување на Монт Еверест, Петков тргна на 24 март 2018 испратен од своите планинарски колеги од Гевгелија, а според планот требаше до крајот на месецот мај да се искачи на врвот и да биде шестиот Македонец кој стапнал на врвот на светот.

Георги Петков беше долгогодишен планинар, член на планинарското друштво „Кожуф“ од Гевгелија, член на Македонската алпинистичка федерација, доктор специјалист инфектолог со повеќе децениски рабтен стаж во Општа Болница Гевгелија. Неговото место на професионалец до ден денеска е непополнето како дефицит во гевгелиската Болница.

Д-р Георги Петков е роден 1956 год. во с.Стојаково Гевгелиско. Во своето дводецениско планинарско портфолио има запишано учество на голем број експедиции и меѓунадорни искачувања на неколку континентални врвови, и тоа:

- Арарат на 5.137 метри надморска височина
- Аконкагва 6.962 мнв, највисокиот врв во Јужна Америка;
- Килиманџаро 5.895 мнв, највисокиот врв во Африка;
- Елбрус 5.642 мнв, највисокиот врв во Европа;
- Пик Ленин 7.134 мнв, во Киргистан;
- Исланд Пик 6.198 мнв, еден од врвовите на Хималаите, (тогаш најблиску се нашол до Монт Еверест, како член на Балканска експедиција, од врвот Island Peak, од каде се гледа, со сета своја величина и убавина, Монт Еверест и посакал еден ден да стапне и на оваа светска кралица.
- учествуваше и во експедиција за искачување на највисокиот врв на Аљаска, Денали 6.190 мнв.
Неговиот сон беше да ги искачи највисоките врвови на сите континенти, па во 2018 година појде во експедиција за искачување на Еверест 8.848 надморска висина- највисокиот врв во светот.
Но, за жал сонот за искачување на Еверест остана нереализиран до крај. Почина во обид на искачување на последните 800 метри од врвот Монт Еверест, наречен „Капата на светот“.
ЗПСК Кожуф, Општина Гевгелија и Федерацијата за Планинарство на Македонија направија се’ за да се донесе телото на Д-р Петков во родниот крај, и тој денес почива во своето родно место Стојаково.

Истата година од Федерацијата на планинарски спортови на Македонија беше постхумно одликуван со признание „Даре Џамбаз“ за придонес во развивање на планинарството, а Општина Гевгелија постхумно му ја додели највисоката општинска награда „7-ми Ноември“ за врвни достигнувања во областа на спортот.

За д-р Петков планинарењето беше благородна навика во која тој се трудеше да живее во хармонија со себе, со блиските и со природата.

Наместо црковни помени, неговите колеги по планинарењето му посветија меморијал со искажување на највисокиот врв на Кожуф планина, врвот „Мала рупа“ (2.004 мнв), каде се поставува постамент за негово спомен обележје на врвот. Актуелната корона состојба годинава го оневозможи одржувањето на масовен планинарски меморијал „Д-р Петков“, но сепак викендов на 17 мај, како што е ред, група од десетина гевгелиски планинари од ЗСПК „Кожуф“ го реализираа искачувањето во спомен на прерано починатиот вљубеник во висините, првиот гевгелиски патник кон Химааите, д-р Георги Петков.

Вечна слава и почит!


Last modified on Среда, 20 Мај 2020 - 05:44

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Донесени мерките од 5-от пакет економски мерки за граѓаните и фирмите

Од присутни 114 со 113 гласа „ЗА“ Собранието го донесе Законите за финасиска

Повеќе

Две први и 1 второ место за учениците од ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Он лајн учењето изгледа не им нашкоди на нашите ученици во постигнувањето

Повеќе

Недела на солидарноста во организација на Црвен крст Гевгелија

Црвен крст Гевгелија организира хуманитарна акција во соработка со Црвениот

Повеќе

Донација на Царинска Управа за „Родителската куќа“ на децата болни од карцином

Со традиционална хуамнитарна акција на вработените од Царинската управа, а по

Повеќе

Нова пресуда за Мијалков: 8 години затвор за „Трезор“

Вкупно 28 години затвор за четворица обвинети во случајот „Трезор“ кој се

Повеќе

Камчев останува во Шутка, одлучи Кривичниот Суд

Притворениот Орце Камчев останува зад решетки, во притвор во затворот „Скопје“

Повеќе

Почина Д-р Билјана Ичева

Докторката Билјана Ичева, (1959-2021 г.) вработена во Негорските минерални Бањи

Повеќе

Кривична пријава за гевгелиски угостител

Две кривични пријави за прекршување на здравствените прописи против ковид-19

Повеќе

МВР: Приведени шест лица од криминалната-нарко група

По вчерашната успешна акција на МВР заедно со Американската Агенција за

Повеќе

Гевгелија 1,5 век железничко-трговска трансверзала со Европа

Поставувањето на Железничката пруга во Гевгелија кон крајот на 19 век

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.