Осум жени и 11 деца ќе „војуваат“ за наследството на Марадона

Вторник, 01 Декември 2020

Само пред една недела светската спортска публика и милениците се простија од фудбалскиот уметник Диего Армандо Марадона, а во реалниот свет започнаа престројувањата за правната битка околу распределбата на неговото наследство. Во Аргентина ова го нарекуваат „теленовела“ зошто не се симнуваат од медиумите изјавите на претендентите на наследството, а ги има вкупно 19-мина.
Станува збор за богатството кое го остави Диего Армандо Марадона, иако на банкарското салдо има само 100.000 долари. Специјализираните интернет страници за финансии проценуваат дека Марадона во текот на животот заработил околу 500 милиони долари од кои најголем дел ги потрошил на недвижнини, автомобили, кокаин и проститутки, но и дека во моментот на смртта тоа изнесува околу 75 милиони долари.
Оваа прогноза ја даде новинарот на „Кларин“, весник кој екслузивно ја објави веста за смртта на Марадона, притоа порачувајќи дека дури сега започнува вистинска „сапуница за Марадона“.

Диего Марадона зад себе остави пет деца кои ги призна од еден брак и три врски и кои се родени од 1986 до 2013 година, но уште четири жени тврдат дека со славниот фудбалер имаат вкупно шест деца од кои четири се на Куба и сметаат дека им следува дел од имотот. За наследството на Марадона ќе се борат 11 деца и осум жени.
Најпознати се ќерките Џанина (34) и Далма (31), а тука е и Диего Јуниор (34), Јана (25) и Диего Фернандо (7).

Новинарот на „Кларин“ истакнува дека децата на Марадона се во лоши меѓусебни односи, а „најборбени“ се трите ќерки Џанина, Далма и Јана со кои легендарниот фудбалер имал и најдобар однос. Тие постојано беа во комуникација со личниот доктор Леополд Луке кои ги известувал за здравствената состојба. Сепак, во целата приказна ќе се вклулчат и непризнаените деца кои сакаат да дојдат до дел од наследството, а едно од нив бараше да се откопа телото на Марадона за да се докаже дека тој му е татко. Интересно е што ова не е крај на сапуницата бидејќи адвокатот Матијас Морла е сопственик на правата на брендот Марадона во Аргентина и САД.

Според шпанска „Марка“ имотот кој Марадона го остави зад себе и импозантен, фабрика за тестенини во Венецуела, луксузен хотел во Хавана, Куба како и пет недвижнини на елитни локации во Буенос Аирес.

 

Last modified on Вторник, 01 Декември 2020 - 15:50

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци

Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни

Повеќе

Распишана централна потерница за Сашо Мијалков

Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може

Повеќе

Засадени дрвца во сеќавање на Игор Мицев

Граѓаните на Негорци денеска имаа несекојдневен помен во сеќавање на прерано

Повеќе

ОЈО Гевгелија: 30 дена притвор за вооружен разбојник

Деветнаесет дена по извршениот вооружен грабеж во казино во Богданци

Повеќе

19-годишен гевгеличанец загина во сообраќајна несреќа

Вечерва во 00:50 по полноќ на патниот правец Стар Дојран - Нов Дојран во

Повеќе

Кривична пријава до ЈО Гевгелија за фирми кои избегнале плаќање акциза

Една Гевгелиска и една фирма од Тетово заедно со тројца одговорни лица добија

Повеќе

Приведен разбојник од Стојаково

Со ваков наслов МВР известува дека вчера, вторник, 16.02.2021 по извршен

Повеќе

Ветерен парк кај Миравци - нова инвестиција на ЕСМ

Со грант од 2,4 милиони евра од Германската банка за развој (КФВ) Електрани на

Повеќе

Пристигнаа првте вакцини против ковид-19 во Македонија

Со пакетот од 4.680 од вкупно 8.000 вакцини, што ни пристигна денес од Србија,

Повеќе

Сообраќаен билтен: 11 прекршоци за еден ден

Екипа за контрола на сообраќајот на подрачјето од општина Гевгелија вчера

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.