Марадона - светската фудбалска легенда почина од срцев удар

Среда, 25 Ноември 2020

Аргентина во црно, Светот е во шок - легендарниот фудбалер Диего Марадона ја загуби најважната битка во животот, почина денеска на 60 години од срцев удар.
За многумина тој беше најголемиот на сите времиња. Стрелецот е на голот на векот, „автор“ е на голот наречен „Божја рака“, единствениот и неповторлив – Марадона.
Неговото целосно име е Диего Армандо Марадона Франко. Беше роден на 30 октомври 1960 година во Вила Фиорицио. Тој беше едно од осумте деца во семејството. Првата топка ја доби од неговиот вујко за неговиот трет роденден. Оттогаш вели спиел со топката и сонувал да стане најдобриот фудбалер на сите времиња.

Аргентинските медиуми објавија дека попладнево прекина животот на нивната најголема и светска фудбалска легенда. Според првичните информации кои доаѓаат тој добил срцев удар, за жал не успеа да ја добие и оваа животна битка и покрај обидите на лекарските екипи.
Марадона на 30 октомври годинава наполни 60 години.

Диего Марадона неодамна мораше да оди на операција на мозокот, се' помина добро, пред десет дена беше пуштен на домашно лекување, но денеска неговата ситуација се искомплицирала. И покрај брзата интервенција на лекарите, овој голем човек не успеа да се избори.
- „Тој имаше респираторна криза“, со солзи пријави неговиот брат Уго, исто така поранешен фудбалер.

Социјалните мрежи се преполни со информации околу неговото заминување, никој не верува дека повеќе го нема. Смртта на Марадона ги шокираше сите. Со легендата на фудбалот се простува неговите клубови, фудбалски имиња, дури и оние кои не го сакаат фудбалот.
Еден од тимовите кои веднаш се огласија е Наполи, никој не може да се помири: „Засекогаш. Чао Диего“, беше пораката на италијанскиот клуб.

Неговиот прекар е „Ел Пибе де Оро“ или преведен како „Златното момче“. Кога имаше само осум години, го забележаа „ловците на таленти“. На 12-годишна возраст беше собирач на топки и ја забавуваше публиката на полувремето со жонглирање. Првиот договор го имаше со јуниорите на Бока во 1981 година. Во истата година, легендарниот клуб од Буенос Аирес ја освои титулата државен првак. Тоа е единствениот клупски трофеј кој Марадона го има освоено во својата матична земја. Една година подоцна (1982 година), Марадона се пресели во Барселона на 21 година, за тогаш рекордни 7,6 милиони долари. На натпреварот против Реал Мадрид, во 1983 година, Марадона го постигна победничкиот гол и стана првиот играч на Барселона кој добил аплауз од навивачите на Реал. Тој играше за Наполи од 1984 до 1991 година. Имаше статус на божество во Неапол. Дресот со број 10 беше повлечен од употреба по неговото заминување во знак на почит. На натпреварот на Светското првенство во Мексико против Англија во 1986 година, постигна гол со рака, кој беше признат и кој тогаш беше наречен „Божја рака“. Вториот гол што го постигна на натпреварот против Англија (кога го издрибла речиси целиот англиски тим), беше прогласен за гол на векот. Во кариерата одигра 680 натпревари и постигна 345 голови. Црна дамка на неговата кариера остави 15-месечната суспензија за употреба на кокаин.
Last modified on Среда, 25 Ноември 2020 - 19:22

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци

Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни

Повеќе

Распишана централна потерница за Сашо Мијалков

Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може

Повеќе

Засадени дрвца во сеќавање на Игор Мицев

Граѓаните на Негорци денеска имаа несекојдневен помен во сеќавање на прерано

Повеќе

ОЈО Гевгелија: 30 дена притвор за вооружен разбојник

Деветнаесет дена по извршениот вооружен грабеж во казино во Богданци

Повеќе

19-годишен гевгеличанец загина во сообраќајна несреќа

Вечерва во 00:50 по полноќ на патниот правец Стар Дојран - Нов Дојран во

Повеќе

Кривична пријава до ЈО Гевгелија за фирми кои избегнале плаќање акциза

Една Гевгелиска и една фирма од Тетово заедно со тројца одговорни лица добија

Повеќе

Приведен разбојник од Стојаково

Со ваков наслов МВР известува дека вчера, вторник, 16.02.2021 по извршен

Повеќе

Ветерен парк кај Миравци - нова инвестиција на ЕСМ

Со грант од 2,4 милиони евра од Германската банка за развој (КФВ) Електрани на

Повеќе

Пристигнаа првте вакцини против ковид-19 во Македонија

Со пакетот од 4.680 од вкупно 8.000 вакцини, што ни пристигна денес од Србија,

Повеќе

Сообраќаен билтен: 11 прекршоци за еден ден

Екипа за контрола на сообраќајот на подрачјето од општина Гевгелија вчера

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.