Младиот јуниорски состав на Фудбалскиот клуб „Џокер“ од Фурка, кој викендов донесе победнички златен пехар од меѓународен фудбалски „Golden Cup“ што се одржа во Грција, денеска имаше прием кај градоначалникот на општина Дојран Анго Ангов.
Тимот го придружуваше нивниот тренер Кристијан Ристов, кој и самиот чувствува гордост од напредокот на младите 12-годишници на зелениот терен, било дома, било во посета во странство, каде „без пардон“ редат успеси.
Градоначалникот Анго Ангов и самиот горд на остварувањето на овие млади фудбалски надежи од Општината (Фурка е населено место од општина Дојран) на заедничката средба им посака да редат и понатаму успеси. Тој им подари пригодни подароци од општината на секое од децата фудбалски јуниори, а за тимот донираше два професионални фудбала.
Тимот на ФК „Џокер“ освен што е составен од надежни 12 годишници, и самиот е млад од своето создавање, но сепак две години по ред е дел од програмата за поддршка на спортот во општина Дојран. Сумата е симболична, 60.000 денари, а нивните резултати извонредно забележителни, победнички, со златни пехари и златни медали од меѓународни спортски купови, како пто беше последниот во Грција. Исто така,годинава имаа забележителен настап и на турнир во Србија, а деновиве стартуваат и со натпревари во Македонската детска лига како сериозни конкуренти за тронот.
Овие катапултирачки резултати го наведоа самиот градоначалник Ангов да им вети поголема финансиска поддршка од Буџетот на општината за следната година, како и финансиска поддршка и помош за успешен настап на Македонската детска лига.
- „Интересно е што овие млади мајстори на зелениот терен кои тренираат на селското игралиште во Фурка, до сега немале присуствувано на професионален натпревар во спортска арена. Поради тоа, а и како награда за нивниот успех на „Golden Cup“ во Грција се договоривме да ги однесам сите заедно, целиот тим на „Џокер“ со нивниот тренер на професионален фудбалски дуел на Македонската репрезентација од квалификациите за Европското првенство кое ќе се игра следната година. Натпреварот ќе се одигра на теренот од Националната спортската арена „Тоше Проески“ во Скопје“ изјави за GevgelijaNET градоначалникот Ангов. Тој потенцираше дека сите трошоци, организаијата за превоз и билети за натпреварот ги превзема лично самиот, и не е на терет на локалната самоуправа.
- „Овие деца се ученици на подрачното училиште во Фурка кое е дел од Општинското основно училиште „Кочо Раци“ од Нов Дојран. Следниот месец треба да биде пуштена во употреба и новоизградената спортска сала во дворот на училиштето. Со тоа се создаваат услови младите фудбалери на „Џокер“ да продолжат да тренираат и во зимски услови, а со тоа и да продолжат да редат успеси на спортски план“ рече градоначалникот Ангов.
Ние само ќе констатираме дека од детска игра квалитетен тренер создал успешен тим, о квалитетна игра остваруваат реаултати, а кога тие ќе бидат препознаени од помошта доаѓа и од локалната самоуправа за поттик за понатамошна успешна работа на децата и младите.
Галерија
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Собранието со 62 „ЗА“ изгласа доверба на Владата
Парламентарното мнозинство уште еднаш ѝ аплаудираше на Владата. Овој пат за
Хуманитарен Апел за помош на Веселинка
АПЕЛ за помош на Веселина Поп Гонова! - објавија нејзините роднини и пријатели
ВИДЕО: Силен земјотрес во Грција почуствуван и во Македонија
Претпладнево во 11:16 часот се затресе тлото во Лариса, Грција со јачина од 6,2
Кривични пријави за угостител од Гевгелија и возач од Богданци
Гевгелиски угостител и возач од Богданци добиле кривични пријави од ОВР
Пет километарска колона возила кон ГП Богородица
Новиот режим на гранично работење што го најави грчкиот министер за цивилна
Грција ги зајакнува мерките на Евзони и Какавиа
Строгите рестрикации во Грција за спречување на ширењето на коронавирусот се
Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје
Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за
Три кривични пријави за локални возачи
ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за
Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци
Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни
Распишана централна потерница за Сашо Мијалков
Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може