На терените на Спортскиот рекреативен комплекс „Истатов“ во Нов Дојран деновиве се одвива третиот по ред зимски селективен камп за девојки фудбалерки, можни членки на женската фудбалска репрезентација на Македонија.
Селективен камп за фудбалерки-репрезентативки е до У-13 и У-15 години, односно генерација 2004-2008 година. На овој краток собир учествуваа вкупно 40 повикани фудбалерки од сите екипи во Македонија и ова за нив претставува подготовка за влез во репрезентативниот дрес. Кампот започна минатиот четврток на ден 07.02.2019 и трае една недела, се' до 13.02.2019 година.
На собирот се повикани голем број на надежни и талентирани фудбалерки кои во иднина треба да го градат ликот на сениорската женска репрезентација. Моментално на тренинг турите и селективниот избор пред будното селекторско око на Д. Димитров се повикани околу 40 фудбалерки, а тренинзите е одвиваат во спортската сала и на отворените фудбалски терени во комплексот СРЦ и хотел „Истатов“.
Координатор и предводник на овој репрезентативен мини камп е Добрислав Димовски, а му помагаат тренерите: Росица Костова, Бојана Иванова, Александра Ристовска, Катерина Милевска, Зоран Златановски и Јовица Блажевски.
Меѓу тренерите е и нашата некогашна репрезентативка Иванова Бојана од Миравци. Таа е лиценциран тренер со А и Б диплома на УЕФА, актуелен тренер на Женскиот фудбалски клуб „Миравци' од Миравци и раководител и тренер на истоимената Фудбалка школа во Миравци каде членуваат тренираат и се подготвуват за игра 60 дечиња (20 девојчиња и 40 машки) на возраст од 11 до 14 години.
Таа вели дека изборот на репрезентативките треба да биде конечен годинава.