Касиљас повеќе од 11 часа нема примено гол

Четврток, 30 Јануари 2014

Капитенот на Реал Мадрид, Икер Касиљас седум меча во низа нема примено гол и со тоа постави нов рекорд во историјата на најтрофејниот шпански клуб

Еден од најдобрите чувари на мрежата сезонава е втор голман во Реал и 682 минути е без примен гол. Со ова, капитенот на Реал Мадрид, Икер Касиљас постави нов рекорд во историјата на најтрофејниот шпански клуб. Овој рекорд го постави на дуелот против Еспањол во Купот на Шпанија, на кој фаворитот славеше минимално со 1:0.

Касиљас сезонава е втор голман во тимот, но покажува дека и покрај тоа што не брани редовно, се наоѓа во одлична форма. Тој брани само во дуелите во Лигата од шампионите и Купот на Шпанија и веќе седум меча во низа нема примено гол. Последен пат топката од својата мрежа ја вадеше на дуелот против Галатасарај, во победата од 4:1, кога беше совладан од Умит Булут.

Претходниот рекорд со резултат од 658 минути без гол во мрежата, во клубот на Реал го држеше Франсис Бајо Санчез од сезоната 1994/54. Тоа значи дека Касиљас рекордот го подобри за 24 минути. Касиљас сезонава бранеше на вкупно 12 мечеви, а прими само три бода.

Касиљас речиси една и пол деценија беше прв голман на Реал, но не успеа да постави ваков рекорд. Претходно неговата најдолга серија без примен гол изнесуваше 520 минути.

Голманот вели дека голема заслуга за овој рекорд имаат и неговите соиграчи, бидејќи без успешна дефанзивна линија сигурно немало да го постигне овој рекорд.

„Многу е важно ова: верувај во самиот себе дека може да ги оствариш соновите и сигурно ќе го постигнеш тоа. Среќен сум поради рекордот. Не им даваме на противниците воопшто да создадат шанси. Кралскиот куп е важно натпреварување и сакаме да го освоиме“, рече Касиљас по мечот со Еспањол. 

Last modified on Понеделник, 03 Февруари 2014 - 04:58

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Недела на солидарноста во организација на Црвен крст Гевгелија

Црвен крст Гевгелија организира хуманитарна акција во соработка со Црвениот

Повеќе

Донација на Царинска Управа за „Родителската куќа“ на децата болни од карцином

Со традиционална хуамнитарна акција на вработените од Царинската управа, а по

Повеќе

Нова пресуда за Мијалков: 8 години затвор за „Трезор“

Вкупно 28 години затвор за четворица обвинети во случајот „Трезор“ кој се

Повеќе

Камчев останува во Шутка, одлучи Кривичниот Суд

Притворениот Орце Камчев останува зад решетки, во притвор во затворот „Скопје“

Повеќе

Почина Д-р Билјана Ичева

Докторката Билјана Ичева, (1959-2021 г.) вработена во Негорските минерални Бањи

Повеќе

Кривична пријава за гевгелиски угостител

Две кривични пријави за прекршување на здравствените прописи против ковид-19

Повеќе

МВР: Приведени шест лица од криминалната-нарко група

По вчерашната успешна акција на МВР заедно со Американската Агенција за

Повеќе

Гевгелија 1,5 век железничко-трговска трансверзала со Европа

Поставувањето на Железничката пруга во Гевгелија кон крајот на 19 век

Повеќе

МВР: Запленета дрога во вредност од 800.000 евра

МВР денеска во полициска акција организирана заедно со американската агенција

Повеќе

Почина Д-р Лилјана Николова

На 7 април, Светскиот ден на здравството, во вечерните часови, почина доктор

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.