2013 направени рекорни фудбалски трансфери за 3,7 милијарди долари

Четврток, 30 Јануари 2014

Целата платена сума ја надминува за 41% сумата платена за трансферите во претходната 2012 година, каде најголем извозник на фудбалери е Бразил, а најмногу платила Англија

Во 2013 година биле извршени вкупно 1.628 трансфери на играчи чии договори не биле истечени, а се преселиле во тим од друга земја. Тоа се 14 отсто од вкупниот број на професионални фудбалери кои ги смениле екипите. Во изминатите 12 месеци биле направени вкупно 12.309 трансфери.

Околу 6.000 професионални екипи од целиот свет вкупно потрошиле 3,7 милијарди долари за трансфери на играчи кои доаѓаат од други првенства, во 2013 година, објави Светската федерација (ФИФА), во истражувањето на Глобалниот трансфер пазар. Оваа сума е за дури 41 отсто поголема од парите кои биле потрошени во 2012 година.

Англија е водечка во трошењето пари за доведување на играчи од други првенства. Во 2013 година тие потрошиле 913 милиони долари за доведување на играчи од странство, што претставува повеќе од 20 отсто од светските трансфери. Логично во топ 5 на трошаџиите се лигите од петте најдобри лиги во Европа. На второто место е Италија, а потоа следат Франција, Шпанија и Германија.

Земјата на петкратниот светски првак Бразил повторно е најголем извозник на фудбалери. Само во претходните 12 месеци, вкупно 1.402 фудбалери од Бразил заминале на фудбалска печалба во странство. Ако Бразил е најголем извозник, тогаш Шпанија е земјата која најмногу заработила од трансфери. По основ на продадени играчи шпанските екипи заработиле вкупно 565 милиони долари. Зад Шпанија е Италија, Португалија, Бразил и Англија, која ја затвора големата петорка.

Просечната старост на играчите кои направиле интернационални трансфери е 25 години и три месеци.

Историскиот трансфер во 2013 година му припаѓа Герет Бејл од Тотенхем кој премина во Реал Мадрид. За велшкиот репрезентативец беа платени 100 милиони евра, што преставува најголем трансфер во историјата на фудбалот.

ТОП 10 КУПУВАЧИ ЗА 2013 ГОДИНА

Земја  ---------  Потрошени пари во милиони долари
Англија           913
Италија           475
Франција         420
Шпанија           318
Германија        239
Русија             214
Украина          192
Турција          163
Португалија    103
Бразил             73


ТОП 10 ПРОДАВАЧИ ЗА 2013 ГОДИНА

Земја  ----------  Заработка во милиони долари
Шпанија             565
Италија             436
Португалија       322
Бразил              312
Англија и Велс   298
Франција           292
Холандија         180
Украина            167
Германија         136
Русија                93

Last modified on Понеделник, 03 Февруари 2014 - 04:03

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Недела на солидарноста во организација на Црвен крст Гевгелија

Црвен крст Гевгелија организира хуманитарна акција во соработка со Црвениот

Повеќе

Донација на Царинска Управа за „Родителската куќа“ на децата болни од карцином

Со традиционална хуамнитарна акција на вработените од Царинската управа, а по

Повеќе

Нова пресуда за Мијалков: 8 години затвор за „Трезор“

Вкупно 28 години затвор за четворица обвинети во случајот „Трезор“ кој се

Повеќе

Камчев останува во Шутка, одлучи Кривичниот Суд

Притворениот Орце Камчев останува зад решетки, во притвор во затворот „Скопје“

Повеќе

Почина Д-р Билјана Ичева

Докторката Билјана Ичева, (1959-2021 г.) вработена во Негорските минерални Бањи

Повеќе

Кривична пријава за гевгелиски угостител

Две кривични пријави за прекршување на здравствените прописи против ковид-19

Повеќе

МВР: Приведени шест лица од криминалната-нарко група

По вчерашната успешна акција на МВР заедно со Американската Агенција за

Повеќе

Гевгелија 1,5 век железничко-трговска трансверзала со Европа

Поставувањето на Железничката пруга во Гевгелија кон крајот на 19 век

Повеќе

МВР: Запленета дрога во вредност од 800.000 евра

МВР денеска во полициска акција организирана заедно со американската агенција

Повеќе

Почина Д-р Лилјана Николова

На 7 април, Светскиот ден на здравството, во вечерните часови, почина доктор

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.