Членовите на најмладиот планинарски спортски клуб во Гевгелија „Двете уши“ вчера, недела, реализираа ретка, но и тешка акција на Кожуф планина за чие спроведување се бара физичка спремност, кондициона истрајност и одлучност.
Во еден ден искачија три врва: најпрво Ѕена лоциран врв на 2.067 метри надморска височина, потоа врвот Зелен Брег 2.166 м.н.в и за финиш Порта 2.097 м.н.в. Притоа, совладана е висинска разлика од 1.500 метри со изодена, искачена и совладена висинска должина од 26,5 километри.
Стартот и финишот на акцијата беше од Аџибарица. Осумчлената екипа беше подготвена за сончев пречек на Кожуф, со малку облаци, после и дожд, но задоволството со трите искачени врва беше круна на нивниот спортски исполнет ден - недела.
ПСК „Двете уши“ за време на корона епидемијата паузираше со реализација на својата програма за 2020 година, а со олабавувањето на мерките и отварањето на слободно движење низ планинсите простори во државата, еве ги на акција. Веруваме дека еланот и акумулираната енергија ќе ги натера на уште поголеми остварувања.
Галерија
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Три кривични пријави за локални возачи
ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за
Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци
Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни
Распишана централна потерница за Сашо Мијалков
Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може
Засадени дрвца во сеќавање на Игор Мицев
Граѓаните на Негорци денеска имаа несекојдневен помен во сеќавање на прерано
ОЈО Гевгелија: 30 дена притвор за вооружен разбојник
Деветнаесет дена по извршениот вооружен грабеж во казино во Богданци
19-годишен гевгеличанец загина во сообраќајна несреќа
Вечерва во 00:50 по полноќ на патниот правец Стар Дојран - Нов Дојран во
Кривична пријава до ЈО Гевгелија за фирми кои избегнале плаќање акциза
Една Гевгелиска и една фирма од Тетово заедно со тројца одговорни лица добија
Приведен разбојник од Стојаково
Со ваков наслов МВР известува дека вчера, вторник, 16.02.2021 по извршен
Ветерен парк кај Миравци - нова инвестиција на ЕСМ
Со грант од 2,4 милиони евра од Германската банка за развој (КФВ) Електрани на
Пристигнаа првте вакцини против ковид-19 во Македонија
Со пакетот од 4.680 од вкупно 8.000 вакцини, што ни пристигна денес од Србија,