AK „7-ми Ноември“ Гевгелија со 19 членови на полумаратон во Грција

Понеделник, 09 Март 2020

Во неделата, во местото Катерини, Република Грција се одржа 11-тото издание на „Katerini run“ кое на едно место собра 1.200 учесници од 17 држави од светот. Меѓу нив имаше и претставници од Македонија, а нашиот град успешно го претставуваа 19 учесници-атлетичари од Атлетскиот клуб „7-ми Ноември“. Се трчаше полумаратот 21,097 километри и трка од 5 километри.
Атлетскиот клуб „7-ми Ноември“ од Гевгелија зеде учество на овој меѓународен спортски настан настан со најбројна екипа составена од 19 свои членови, со што ова претставуваше нивно најбројно учество на една трка.
На главната трка во полумаратон настапија 9 учесници од Гевгелија, од кои најбрз беше Марјан Ризов кој ја истрча патеката за 1 час 37 минути и 20 секунди со што заврши на 94-то место во генерален пласман.
За 39 секунди зад него беше и другиот наш член Стојан Делев. Следен беше Тоше Петков кој истрча сопствено најдобро време.

На пократката патека од 5 километри имавме 2-ца наши членови во топ 10, со тоа што Атанас Епов заврши на 6-то место со време 19:05, а Тоше Анчев на 9-то место со 19:45. Никола Ковачев беше 16-ти со личен рекорд. Времето беше променливо, особено на полумаратонот каде учесниците беа соочени на одредени делови со дожд и ветар.

По четириипол месеци од своето формирање и учество на шест меѓународни спортски настани во државата и околните Балкански земји, Атлетскиот клуб „7-ми Ноември“ од Гевгелија искажува солидно темпо на активности како млад, но надежен спортски клуб. Формиран е при крајот на минатата година, со деби на уличните трки во градот по повод општинскиот празник „7ми Ноември“ по кој го носат и името. Досега, организирано учество со боите на Македонија и логото од Гевгелија имаа на полумаратоните во Љубљана, Софија, Солун и Ксанти, како и на два настани организирани од здружението „Момент плус“ за пулмонална хипертензија и во чест на Благој Истатов.

Нивните програмски заложби како клуб се да го продолжат темпото на спортски учества оставајќи белег на активен локален атлетски клуб со успешен настап на меѓународни спортски настани. Следни настани на кои веќе го планираат своето учествуво наредните месец дена се Кавадаречки полумаратон „Трчаме кон целта“ како и 10 километарската трка во Солун.

 

Last modified on Понеделник, 09 Март 2020 - 12:27

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Грција ги зајакнува мерките на Евзони и Какавиа

Строгите рестрикации во Грција за спречување на ширењето на коронавирусот се

Повеќе

Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје

Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за

Повеќе

Три кривични пријави за локални возачи

ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за

Повеќе

Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци

Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни

Повеќе

Распишана централна потерница за Сашо Мијалков

Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може

Повеќе

Засадени дрвца во сеќавање на Игор Мицев

Граѓаните на Негорци денеска имаа несекојдневен помен во сеќавање на прерано

Повеќе

ОЈО Гевгелија: 30 дена притвор за вооружен разбојник

Деветнаесет дена по извршениот вооружен грабеж во казино во Богданци

Повеќе

19-годишен гевгеличанец загина во сообраќајна несреќа

Вечерва во 00:50 по полноќ на патниот правец Стар Дојран - Нов Дојран во

Повеќе

Кривична пријава до ЈО Гевгелија за фирми кои избегнале плаќање акциза

Една Гевгелиска и една фирма од Тетово заедно со тројца одговорни лица добија

Повеќе

Приведен разбојник од Стојаково

Со ваков наслов МВР известува дека вчера, вторник, 16.02.2021 по извршен

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.