Зимските искачувања и понатаму остануваат предизвик за планинарите од гевгелискиот ПСК „Двете уши“. Неделва тие го искачија грандиозниот врв Љуботен, од природната убавица Шар планина, висок 2.498 метри надморска височина. Куриозитет во достигнувањето е што искачувањето го реализираа од страната на Косово, од каде пристапот кон Љуботен е пострмен и потежок за искачување поради подлабокиот снег на северната страна од Шара.
Во акцијата учествуваа тројца активни членови на клубот: Дејан Петров, Ристо Картов и Пепи Аврамов.
Патеката беше во должина од 18 километри со совладана висинска разлика од 1.400 м.н.в. Организатор на акцијата беше „I lоve hiking“ од Скопје.
Со ова, членовите на Планинарскиот спортски клуб „Двете уши“ од Гевгелија ги продолжуваат зимските искачувања во оваа сезона. Забележителна беше активноста на искачување на врвовите на Кожуф во зимски услови на почетокот од годинава.
- „Во наредните викенди до 21.03 имаме уште три викенда од календарската зима во кои ни е во план да искачуваме уште врвови“, велат од раководството на клубот.
Галерија
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Три кривични пријави за локални возачи
ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за
Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци
Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни
Распишана централна потерница за Сашо Мијалков
Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може
Засадени дрвца во сеќавање на Игор Мицев
Граѓаните на Негорци денеска имаа несекојдневен помен во сеќавање на прерано
ОЈО Гевгелија: 30 дена притвор за вооружен разбојник
Деветнаесет дена по извршениот вооружен грабеж во казино во Богданци
19-годишен гевгеличанец загина во сообраќајна несреќа
Вечерва во 00:50 по полноќ на патниот правец Стар Дојран - Нов Дојран во
Кривична пријава до ЈО Гевгелија за фирми кои избегнале плаќање акциза
Една Гевгелиска и една фирма од Тетово заедно со тројца одговорни лица добија
Приведен разбојник од Стојаково
Со ваков наслов МВР известува дека вчера, вторник, 16.02.2021 по извршен
Ветерен парк кај Миравци - нова инвестиција на ЕСМ
Со грант од 2,4 милиони евра од Германската банка за развој (КФВ) Електрани на
Пристигнаа првте вакцини против ковид-19 во Македонија
Со пакетот од 4.680 од вкупно 8.000 вакцини, што ни пристигна денес од Србија,