Гевгелискиот Планинарски спортски клуб „Двете уши“ на 14,5 месеци од своето формирање доби свои работни простории. Општина Гевгелија и Советот на општината му отстапија на користење јавен простор лоциран во Старата гевгелиска чаршија.
Чинот на свеченото отварање на просториите на клубот беше реализиран пред два дена со свечена седница на членовите на ПСК на која учествоваа и гости од локалната самоуправа.
ПСК „Двете уши“ за кратко време се етаблира во спортскиот живот на Гевгелија, најпрво организирајќи над 70 акции во изминатиот период, искачени државни и балкански врвови, учество на меѓународни акции, републички признанија и награди за најуспешните учесници од клубот. Круна на вакавите завидни залагања се препознаените вредности на ангажираните гевгелиски планинари, нивните долгогодишни искуства и поставувањето основа за нови приврзаници на планинарењето и спортот е токму доделувањето на трајни работни простории на клубот, се разбира се' додека работи на линијата на своите програмски цели, а тоа е омасиоввањето на спортот и локални приврзаници на спортот во Гевгелија.
На свечената седница раководството на ПСК „Двете уши“ се заблагодари на соработката и разбирањето на локалната самоуправа, Советот и градоначалникот, а на своите членови им го офијализираше членството во клубот со доделување на членски книшки со грбот и печат од ПСК „Двете уши“.
- „ПСК „ДВЕТЕ УШИ“ Гевгелија секоја среда со почеток во 19.00 часот одржува редовен состанок кој е отворен за јавноста. Ве покануваме Вас наши сограѓани и сите кои сте дел од оваа заедница како и љубители на планинарските спортови да не посетите, да се информирате и да бидете дел од сите идни планинарски акции.
Ние сме доброволно, непрофитно, невладино, непартиско здружение на граѓани, формирано со слободно здружување на граѓаните заради остварување и заштита на цели, интереси и активности кои се во насока на развој и подобрување на квалитетот на планинарските спортови во општина Гевгелија“, напишаа на социјалните мрежи од Клубот за својата новина со покана до граѓаните да ги посетат и да им се придружат во акциите.
Честитки за успесите, со акции и нови достигнувања да ги полните извештаите на работните состаноци, а витрините со трофеи.
Галерија
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Собранието со 62 „ЗА“ изгласа доверба на Владата
Парламентарното мнозинство уште еднаш ѝ аплаудираше на Владата. Овој пат за
Хуманитарен Апел за помош на Веселинка
АПЕЛ за помош на Веселина Поп Гонова! - објавија нејзините роднини и пријатели
ВИДЕО: Силен земјотрес во Грција почуствуван и во Македонија
Претпладнево во 11:16 часот се затресе тлото во Лариса, Грција со јачина од 6,2
Кривични пријави за угостител од Гевгелија и возач од Богданци
Гевгелиски угостител и возач од Богданци добиле кривични пријави од ОВР
Пет километарска колона возила кон ГП Богородица
Новиот режим на гранично работење што го најави грчкиот министер за цивилна
Грција ги зајакнува мерките на Евзони и Какавиа
Строгите рестрикации во Грција за спречување на ширењето на коронавирусот се
Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје
Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за
Три кривични пријави за локални возачи
ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за
Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци
Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни
Распишана централна потерница за Сашо Мијалков
Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може