Вучери од Агенцијата за млади и спорт за 2020

Среда, 12 Февруари 2020

Агенцијата за млади и спорт ја објави листата на спортски клубови и други правни субјекти кои добија ваучери за користење средства за развој на спортот, преку организација на спортски натпревари, манифестации и првенства.

Од 454 спортски клубови од сите области на спортот застапени во државата се наоѓаат и четири клубови од Гевгелија, два од Богданци.

Во групата „А-Олимписки спортови“ се најдоа гевгелиски клубови: ФК „Кожуф“ со 2.400.000 денари (ваучер издаден од 10.02.2020 год.), КК „Кожув“ со ваучер од 8.900.000 денари, РК „Партизан“ добива ваучер од 800.000 денари и Женскиот ракомерен клуб ЖРК „Гевгелија“ ваучер од 900.000 денари.
Вкупната вреност на спортските ваучери од Агенцијата за млади и спорт за гевгелиските клубови за 2020 е 13.000.000 денари, што е двојно повеќе од вредноста на одвојувањата за спорт што ги доделува општина Гевгелија на овие клубови за годинашните спортски активности.

Од општина Богданци на листата на АМС се наоѓаат Ракометниот клуб „Младост“ од Богданци кој добива ваучер од 1.000.000 денари. Од групата „индивидуални спортови“ ваучер за спорт добива и Стрелачкиот клуб „Магнум“ од Богданци со износ од 400.000 денари.

Од општина Дојран ваучер е доделен и на Спортскиот Центар „Истатов“ во вредност од 900.000 денари.

Oваа мерка „доделување ваучери за спорт“ финансиски е тешка околу 10 милиони евра. Со овие средства државата ќе ги помага спортските федерации и клубови откажувајќи се од толкава сума на даночните приходи што ги должат даночните обврзници (фирмите) кои ќе одлучат средствата да ги наменат за спортсите екипи и клубови користејќи ги одредбите од Законот за ослободување од данокот на добивка. Овие средства ќе се слеат за развој на македонскиот репрезентативен, екипен и индивидуален спрот.

 

Last modified on Среда, 12 Февруари 2020 - 09:51

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Почина Веселинка Поп Гонова

Утрово во Клиника „Жан Митрев“ воСкопје, каде што беше хоспитализирана оваа

Повеќе

Лишени од слобода двајца жители на о. Гевгелија

Прексиноќа пред полноќ, поточно во средата, жител на Мрзенци и жител на

Повеќе

Три последователни потреси во Грција почувствувани и во Гевгелија

Вечерва од 19:38 часот, 19:53 ч. па до 20:25 часот почуствувани се три

Повеќе

Почувствуван земјотрес во Гевгелија

Благо движење на земјата како лулање во правец југ-север-југ вечерва беше

Повеќе

Собранието со 62 „ЗА“ изгласа доверба на Владата

Парламентарното мнозинство уште еднаш ѝ аплаудираше на Владата. Овој пат за

Повеќе

Хуманитарен Апел за помош на Веселинка

АПЕЛ за помош на Веселина Поп Гонова! - објавија нејзините роднини и пријатели

Повеќе

ВИДЕО: Силен земјотрес во Грција почуствуван и во Македонија

Претпладнево во 11:16 часот се затресе тлото во Лариса, Грција со јачина од 6,2

Повеќе

Кривични пријави за угостител од Гевгелија и возач од Богданци

Гевгелиски угостител и возач од Богданци добиле кривични пријави од ОВР

Повеќе

Пет километарска колона возила кон ГП Богородица

Новиот режим на гранично работење што го најави грчкиот министер за цивилна

Повеќе

Грција ги зајакнува мерките на Евзони и Какавиа

Строгите рестрикации во Грција за спречување на ширењето на коронавирусот се

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.