ЖРК „Гевгелија“ со пехар за III место на меѓународен турнир во Инџија

Вторник, 21 Јануари 2020

Пехар за освоено Трето место за ракометарките на ЖРК „Гевгелија“ и признание за најдобар стрелец за Јасмина Попова, се двете награди што ги освоија гевгелиските ракометарки на Меѓународниот женски турнир во ракомет „Куп на пријателството 2020“ што се одржа во Инџија, Република Србија.
За домаќинството се погрижија Ракометниот сојуз на Србија и Војводина, Сојузот на спорт на општина Инџија и претседателот на општина Инџија, Владимир Гак.
На овој турнир кој за првпат беше организиран во Инџија, нашите ракометарки учествуваа со женски ракометни екипи од збратимените градови од Србија, Македонија и Босна и Херцеговина: ЖРК „Гевгелија“, ЖРК „Турбина“ од Јабланица, ЖРК „Младост“ од Нова Пазова и ЖРК „Железничар“ од Инџија.
На листата за најдобри стрелци се запиша нашата гевгеличанка, Јасмина Попова, за што беше наградена.
Г-динот Гак им се заблагодари на збратимените општини за учеството на овој Меѓународен турнир и ја поздрави оваа иницијатива со која се создаваат услови за проширување на соработката на спортски план.

Инџија и Гевгелија веќе имаат редовни гостувања на културно-уметничките друштва и фолклорни ансамбли како „Танец“ и „Бојмија“, а на спортски план првата соработка пред три децении наназад ја остваруваа ученичките тимови на средните училишта од Гевгелија и Инџија. Многу голови паѓаа ,многу ученици ги следеа настапите на своите и гостинските тимови, многу пријателства се создаваа.
Ракометарките од Гевгелија по турнирто кој за прв пат ги собра на спортски дуели тимовите од збратимените градови со Инџија, дома се вратија почестени од убавата натпреварувачка атмосфера, од другарувањето со останатите ракометарки од збратимените општини и од прекрасното гостопримство на домаќините од општина Инџија.


Last modified on Вторник, 21 Јануари 2020 - 16:52

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Недела на солидарноста во организација на Црвен крст Гевгелија

Црвен крст Гевгелија организира хуманитарна акција во соработка со Црвениот

Повеќе

Донација на Царинска Управа за „Родителската куќа“ на децата болни од карцином

Со традиционална хуамнитарна акција на вработените од Царинската управа, а по

Повеќе

Нова пресуда за Мијалков: 8 години затвор за „Трезор“

Вкупно 28 години затвор за четворица обвинети во случајот „Трезор“ кој се

Повеќе

Камчев останува во Шутка, одлучи Кривичниот Суд

Притворениот Орце Камчев останува зад решетки, во притвор во затворот „Скопје“

Повеќе

Почина Д-р Билјана Ичева

Докторката Билјана Ичева, (1959-2021 г.) вработена во Негорските минерални Бањи

Повеќе

Кривична пријава за гевгелиски угостител

Две кривични пријави за прекршување на здравствените прописи против ковид-19

Повеќе

МВР: Приведени шест лица од криминалната-нарко група

По вчерашната успешна акција на МВР заедно со Американската Агенција за

Повеќе

Гевгелија 1,5 век железничко-трговска трансверзала со Европа

Поставувањето на Железничката пруга во Гевгелија кон крајот на 19 век

Повеќе

МВР: Запленета дрога во вредност од 800.000 евра

МВР денеска во полициска акција организирана заедно со американската агенција

Повеќе

Почина Д-р Лилјана Николова

На 7 април, Светскиот ден на здравството, во вечерните часови, почина доктор

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.