Најмладиот гевгелиски планинарски спортски клуб ПСК „Двете Уши“ иако составено од спортски долгогодишни планинари активисти, спортски ветерани и енергичен подмладок, во своето портфолио ќе напише дека е оформено на 23.11.2018 од страна на триесетина авантуристи, љубители и чувари на природата.
Во Текот од првата година од своето постоење клубот има реализирано над 60 акции од различен карактер: зимски исксчувања (Двете Уши 1.766 м.н.в, Зелен Брег2.166 м.н.в Мусала 2.925 м.н.в, Порта 2.097 м.н.в и Мала Рупа 2.004 м.н.в), искачени се Титов врв 2.747 м.н.в., Љуботен 2.498 м.н.в два пати, Солунска Глава 2.540 м.н.в., Пелистер 2.601 м.н.в како и највисокиот во Македонија Кораб 2.748 м.н.в и третиот на Балканот Вихрен 2.914 м.н.в.
Членовите на „Двете уши“ учествуваа на повеќе организирани акции од страна на планинарските друштва од Македонија, а воедно и беа организатори на планинарски марш за прв пат, со најава во иднина да прерасне во традиционален, а тоа е искачувањето на врвот Мала Рупа 2.004 м.н.в на Кожуф планина.
Клубот во текот на своето едногодишно постоење и активности на спортско-планинарски план успеа да привлече нови љубители на природата и висините и да ја дуплира речиси својата бројка на членови. Така клубот моментално брои 52 члена со уплатена членарина, а во текот на изведувањето на акциите од годишниот план на клубот, редовно учесвуваат идни наши членови, подмладокот за 2020 година.
Клубот оваа година имаше неколку работни акции од кои позначајни се уредување на една патека, поставување на маси и клупи на водопадот над Смрдлива вода. Поставување на 25 патокази на Кожуф, утврдување на патеката од Смрдлива Вода до Мала Рупа.
- „Во 2020 година во план ни е да уредиме и измериме што повеќе патеки на Кожуф со GPS уред кој го поседува клубот се со цел да бидат достапни за сите љубители на овој спорт. Во тек се преговори со Негорски Бањи за објектот кој што го поседуваат на Смрдлива Вода да го користиме како планинарски дом кој би придонесол многу во нашиот понатамошен развој“ изјавуваат од раководството на клубот.
Гордите роденденци на планините, иако ги знаат со десетици години наназад некои од членовите планинарските патеки низ државата и Балканот, денеска како претставници на ПСК „Двете Уши“ со своите реализирани организирани акциски активности со сигурност можат да ги повикат сите авантуристи и љубители на природата и пешачењето да се приклучат кон авантурите на клубските членови и да ги почуствуваат убавините на овој спорт.
„Држете се блиску до срцето на природата… Поминете ден во шума или качете се на планина. Измијте го Вашиот дух со нејзината чистота.“ – Џон Муир.
Држејќи се пораката на овој мислител членовите на ПСК „Двете уши“ реализираа роденденска забава на врвот на Кожуф, нивниот имењак „Двете уши“ и таму со торта ја прославија годишнината од своето формирање, а нас следбениците на нивните авантури низ фотографии не информираа дека првиот снег на Кожуф пристигна по патеките на овој наш планински убавец.
Уште многу родендени и искачени врвови им посакуваме!
Галерија
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Недела на солидарноста во организација на Црвен крст Гевгелија
Црвен крст Гевгелија организира хуманитарна акција во соработка со Црвениот
Донација на Царинска Управа за „Родителската куќа“ на децата болни од карцином
Со традиционална хуамнитарна акција на вработените од Царинската управа, а по
Нова пресуда за Мијалков: 8 години затвор за „Трезор“
Вкупно 28 години затвор за четворица обвинети во случајот „Трезор“ кој се
Камчев останува во Шутка, одлучи Кривичниот Суд
Притворениот Орце Камчев останува зад решетки, во притвор во затворот „Скопје“
Почина Д-р Билјана Ичева
Докторката Билјана Ичева, (1959-2021 г.) вработена во Негорските минерални Бањи
Кривична пријава за гевгелиски угостител
Две кривични пријави за прекршување на здравствените прописи против ковид-19
МВР: Приведени шест лица од криминалната-нарко група
По вчерашната успешна акција на МВР заедно со Американската Агенција за
Гевгелија 1,5 век железничко-трговска трансверзала со Европа
Поставувањето на Железничката пруга во Гевгелија кон крајот на 19 век
МВР: Запленета дрога во вредност од 800.000 евра
МВР денеска во полициска акција организирана заедно со американската агенција
Почина Д-р Лилјана Николова
На 7 април, Светскиот ден на здравството, во вечерните часови, почина доктор