Совршено победничко деби од соништата на селекторот Кире Лазаров која ја водеше, играше и насочуваше играта над репрезентацијата на Македонија на вечерашниот дуел со Данска во рамки на квалификациите за Европското првенство (ЕП) кое ќе се игра во 2022 година.
Македонската машка ракометна репрезентација го одигра најдобриот натпревар во последниве неколку години и во дебитантскиот настап на селекторот Кире Лазаров го совлада светскиот и олимпискиот шампион Данска со 33:29.
На дебито на Кирил Лазаров како селектор, големиот фаворит, кој долго време не знаел за пораз, беше тотално надигран, а поранешниот член на Вардар и Металург, Младен Ракчевиќ беше одушевен од одиграната партија на нашите момци и среќен што неговиот пријател со победа ја започна тренерската кариера.
- „Ја презеде Македонија во тешки моменти, но Лазаров докажа дека е голем победник!“ - изјави Ракичевиќ.
Капитенот имаше пет натпревари во низа без триумф над скандинавците како играч, но на стартот на „двојната улога“ го направи она за кое сонуваше со години. Победата над Данска е најголема деби-победа за еден селектор на деби-натпреварите, со оглед на името и рејтингот на противникот.
Со триумфот во Скопје, Лазаров им се одмазди на Хансен и дружината за оној болен пораз во 2012 година на Европското првенство (ЕП) во Србија.
Слатка одмазда во Скопје, но не смее да се заборави дека в недела се гостува во Алборг, каде следи вториот дуел од евроквалификациите против светскиот и се уште актуелен олимписки првак.
Како и да е репрезентативците веќе ја славата победата, подготвени за нови достигнувања на теренот.
Докажавме дека со позитивна енергија и мотивација, квалитетот на младоста измешан со нашето искуство го клекна светскиот...
Posted by Filip Mirkulovski on Четврток, 11 март 2021
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Донесени мерките од 5-от пакет економски мерки за граѓаните и фирмите
Од присутни 114 со 113 гласа „ЗА“ Собранието го донесе Законите за финасиска
Две први и 1 второ место за учениците од ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија
Он лајн учењето изгледа не им нашкоди на нашите ученици во постигнувањето
Недела на солидарноста во организација на Црвен крст Гевгелија
Црвен крст Гевгелија организира хуманитарна акција во соработка со Црвениот
Донација на Царинска Управа за „Родителската куќа“ на децата болни од карцином
Со традиционална хуамнитарна акција на вработените од Царинската управа, а по
Нова пресуда за Мијалков: 8 години затвор за „Трезор“
Вкупно 28 години затвор за четворица обвинети во случајот „Трезор“ кој се
Камчев останува во Шутка, одлучи Кривичниот Суд
Притворениот Орце Камчев останува зад решетки, во притвор во затворот „Скопје“
Почина Д-р Билјана Ичева
Докторката Билјана Ичева, (1959-2021 г.) вработена во Негорските минерални Бањи
Кривична пријава за гевгелиски угостител
Две кривични пријави за прекршување на здравствените прописи против ковид-19
МВР: Приведени шест лица од криминалната-нарко група
По вчерашната успешна акција на МВР заедно со Американската Агенција за
Гевгелија 1,5 век железничко-трговска трансверзала со Европа
Поставувањето на Железничката пруга во Гевгелија кон крајот на 19 век