Македонци со велосипеди го искачија Килиманџаро

Среда, 17 Февруари 2021

Несекојдневен потфат на група на македонски планинари и велосипедисти кои рано утрово направија огромен успех, откако се искачија на највисокиот врв на планината Килиманџаро во Африка, Ухуру (5895 мети).

Велосипедистите Лазо Миновски, Никола Нескоски и Илја Деревјев, Русин кој неколку години живее во Скопје, заедно со планинарите Ирина Дишовска, Нацков Кире и Филип Христов испишаа историја во авантуристичките спортови во Македонија. Тие во 05.50 часот по локално време застанаа на покривот на Африка.

Нив им беа потребни пет дена за да ја остварат оваа мисија, која на социјалните мрежи беше поздравена од целата македонска јавност.

Одлуката да се искачи највисоката точка на Килиманџаро била донесена во текот на вчерашниот ден, откако се дознало дека ќе има значително влошување на временските услови.

Планинарите го направија овој подвиг утрово во Танзанија, кога се искачија на врвот Ухуро, висок 5.895 метри. Заедно со нив беа и останатите планинари од експедицијата, Ирина Дишовска, Кирил Начков и Филип Христов, кои пешачејќи се искачија на Килиманџаро.

Миновски, Нешкоски и Деревјев ја започнале својата авантура на 14 февруари од градот Аруша, кој се наоѓа на надморска височина од 1.400 метри. Откако вчера стигнале и преспале на височина од 4.700 метри, тие на полноќ по локално време тргнале кон Ухуру, до каде што им требале пет и пол часа возење и пешачење.

Ова е уште еден позитивен знак за македонските регреативци, кои продолжуваат да ја промовираат нашата земја насекаде низ светот.

 

Last modified on Среда, 17 Февруари 2021 - 20:06

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Грција ги зајакнува мерките на Евзони и Какавиа

Строгите рестрикации во Грција за спречување на ширењето на коронавирусот се

Повеќе

Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје

Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за

Повеќе

Три кривични пријави за локални возачи

ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за

Повеќе

Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци

Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни

Повеќе

Распишана централна потерница за Сашо Мијалков

Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може

Повеќе

Засадени дрвца во сеќавање на Игор Мицев

Граѓаните на Негорци денеска имаа несекојдневен помен во сеќавање на прерано

Повеќе

ОЈО Гевгелија: 30 дена притвор за вооружен разбојник

Деветнаесет дена по извршениот вооружен грабеж во казино во Богданци

Повеќе

19-годишен гевгеличанец загина во сообраќајна несреќа

Вечерва во 00:50 по полноќ на патниот правец Стар Дојран - Нов Дојран во

Повеќе

Кривична пријава до ЈО Гевгелија за фирми кои избегнале плаќање акциза

Една Гевгелиска и една фирма од Тетово заедно со тројца одговорни лица добија

Повеќе

Приведен разбојник од Стојаково

Со ваков наслов МВР известува дека вчера, вторник, 16.02.2021 по извршен

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.