Топ Новости
Тешка сообраќајна несреќа во Гевгелија - Вторник, 15 Септември 2020 14:44

Ѓоковиќ се извини: Жал ми е, не беше намерно…!

Понеделник, 07 Септември 2020

По инцидентот на УС Опен во кој Новак Ѓоковиќ упати (удри) топче ненамерно во правец на линијски судија и бранот реакции кај неговите фанови и спортската јавност, Ѓоковиќ со свој коментар на социјалните мрежи изрази жалење за настанот и ненемарната постапка, па напиша:

- „Целата оваа ситуација ме остави многу тажен и уништен. Проверив кај судијката и таа ми рече дека, фала богу, се чувствува добро. Жал ми е што и предизвикав таков стрес. Ова беше ненамерно. Не е во ред. Што се однесува до дисквалификацијата, треба да работам со мојата фрустрација и да ја претворам целата оваа ситуација во лекција за мојот раст како играч и личност. Им се извинувам на организаторите на УС Опен“, напиша Ѓоковиќ на својата Фејсбук страница.

Новак Ѓоковиќ синоќа беше дисквалификуван од Ју-Ес Опен откако за време на мечот со Пабло Карено Буста во осминафиналето по еден загубен поен со топче удри една од линиските судијки крај теренот.

Организаторите на турнирот во консултација со главниот судија веднаш му ја изрекоа најстрогата казна на српскиот тенисер и го исфрлија од грен слемот. Според правилата на турнирот, Ѓоковиќ можеше да мине и со поблага казна, односно со одземање поен и парична казна од 20.000 долари.

„Играчите не смеат да дивеат, на опасен или неодговорен начин да го удираат, шутираат или фрлаат топчето на спортскиот комплекс на кој се одржува турнирот, освен во обид да дојдат до разумен поен, а истото се однесува и на загревањето. Кршење на ова правило на грен слемот може да доведе до казна од 20.000 долари, за секој поединечен ваков прекршок. Во случај прекршокот да се случи за време на загревањето или мечот, може да се изрече казна и со одземање на поен. Заради појаснување на ова правило, злоупотреба на топчињата се смета удирање на топчето со намера тоа да оди надвор од теренот, удирање на топчето на опасен или неодговорен начин на самиот терен или удирање на топчето без свесност за последиците од тој удар“, стои во правилата на грен слем турнирите.

Ѓоковиќ го направи токму тоа, го удри топчето во фрустрација и за негова несреќа тоа заврши во вратот на линиската судијка. Иако Србинот веднаш се извини тоа не му помогна премногу. Главниот судија и организаторите решија да го исфрлат од Ју-Ес Опен, а според правилата дефинитивно имаат право да го направат тоа.

„Играчите во ниту еден момент не смеат физички да ги загрозат официјалните лица, противникот, гледачите или било кое друго лице на комплексот на кој се одржува турнирот“.

„Судијата во консултација со главниот супервизор на турнирот може да прогласи дисквалификација за било кое поединечно кршење на овие правила“.

Од ова се гледа дека Ѓоковиќ со право е дисквалификуван, но во исто време судијата и организаторот можеа да му прогледаат низ прсти, како на пример во случајот на Бедене на Синсинати пред 10 дена, кога со топче удри снимател.

Очигледно е дека Ју-Ес опен сакаше да направи пример од светскиот рекет број 1 и да демонстрира строгост. Ѓоковиќ остана и без наградниот фонд, односно 250.000 долари кои му следуваа за пласман во осминафиналето, а одземени му се и освоените ранкинг-поени.

 

Last modified on Понеделник, 07 Септември 2020 - 12:50

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Корона кризата ја зголеми невработеноста во Гевгелија

Новата здравствена пандемија која го зафати светот се одрази на светската

Повеќе

Септемвриски снег во Босна и Херцеговина

Четвртиот ден од есента забелеа снежните покривки на планината Бјелашница и на

Повеќе

Ковид настава во Гевгелија - претежно он лајн, основците од I до III на училиште

Барањето на општинските основни и средното училиште од Гевгелија за одржување

Повеќе

Владата донесе одлуки за субвенционирање на лозарите и винариите извозници

Владата на Република Северна Македонија, на вчерашната седница донесе одлука со

Повеќе

Лишена од слобода гевгеличанка во Скопје

Полициски службеници на СВР Скопје, вчера (вторник 22 септември) ја лишиле од

Повеќе

Гевгеличанец лишен од слобода на ГП Табановце

Министерството за внатрешни работи известува дека во средата на 7 минути пред

Повеќе

Врховeн Суд одлучи: Јанкулоска ќе оди во затвор

Жалбите за предметот „Тенк“ на Груевски и Јанулоска паднаа пред Врховен.

Повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Гевгелија

Утрово, околу 7 часот и 30 минути, на излезот од Гевгелија се случи тешка

Повеќе

Приведен дилер на дрога од Миравци, гевгелиско

Секторот за внатрешни работи Струмица - Одделение за внатрешни работи

Повеќе

Наставата со физичко присуство и комбиниран модел бараат гевгелиските училишта

Одлагањето на наставата за учебната 2020/21 поради корона пандемијата ги

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.