Капсула со моќ на ковид вакцина

Вторник, 23 Март 2021

Светот на науката во предизвикот со коронавирусот продолжува да истражува методи за заштита на човештвото. Научните првенци од „Бионтек“ веќе развиваат апче-капсула која ќе има моќ на вакцина против коронавирус по орален пат. Таквата вакцина ќе може секој да ја прими самостојно дома, не треба медицинско лице, не требаат фрижидери со температура на -80 степени целзиусови за одржување на истата.

На најновиот фармацевтски изум работат креаторите на вакцината против корона, тим научници од фирмата „Бионтек“. Поточно „Premas Biotech“ работи на развојот на вакцини и технологии за третман на разни болести, а неодамна објави дека во соработка со „Oramed Pharmaceuticals Inc.“ работат на развој на орална вакцина против ковид-19. Тоа е вакцина во форма на капсула, која е ефективна веќе по првата доза.

Со цел да ја пласираат својата вакцина на пазарот што е можно поскоро, „Biotech“, „Oramed“ и другите акционери ја основаа „Оравакс Медикал Инк“. По единечна доза од капсулата Оравакс, производството на антитела започна во пилот студија спроведена врз животни, што укажува на ефикасноста на оваа вакцина.

Вакцината Оравакс стимулираше и системски имунолошки одговор преку имуноглобулин Г (IgG), најчестото антитело во крвта и телесните течности кое штити од вирусни инфекции и имуноглобулин А (IgA) кој ги штити респираторниот и гастроинтестиналниот тракт од инфекција.

Досегашните податоците покажуваат дека вакцината е безбедна, ефикасна и дека произведува високи титри на неутрализирачки антитела, пренесува Business wire. Ко-основачот и извршен директор на Premas Biotech др. Прабудда Кунду изјави дека оваа вакцина може брзо да напредува во доцните фази на клиничките испитувања и најави дека клиничките податоци треба да бидат објавени наскоро.

Извршниот директор на „Oramed“, Надав Кидрон изјави дека е возбуден затоа што нивниот кандидат за вакцини може да помогне побрзо да се стави крај на пандемијата.

- „Оралната вакцина против ковид-19 ќе елиминира голем број бариери за дистрибуција на вакцините и ќе им овозможи на луѓето да ја примаат вакцината сами дома“, рече Кидрон, истакнувајќи дека ова исто така ќе биде клучната придобивка на вакцината во облик на капсула доколку е потребена вакцинација против ковид-19 секоја година.

 

Last modified on Вторник, 23 Март 2021 - 16:05

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Донесени мерките од 5-от пакет економски мерки за граѓаните и фирмите

Од присутни 114 со 113 гласа „ЗА“ Собранието го донесе Законите за финасиска

Повеќе

Две први и 1 второ место за учениците од ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Он лајн учењето изгледа не им нашкоди на нашите ученици во постигнувањето

Повеќе

Недела на солидарноста во организација на Црвен крст Гевгелија

Црвен крст Гевгелија организира хуманитарна акција во соработка со Црвениот

Повеќе

Донација на Царинска Управа за „Родителската куќа“ на децата болни од карцином

Со традиционална хуамнитарна акција на вработените од Царинската управа, а по

Повеќе

Нова пресуда за Мијалков: 8 години затвор за „Трезор“

Вкупно 28 години затвор за четворица обвинети во случајот „Трезор“ кој се

Повеќе

Камчев останува во Шутка, одлучи Кривичниот Суд

Притворениот Орце Камчев останува зад решетки, во притвор во затворот „Скопје“

Повеќе

Почина Д-р Билјана Ичева

Докторката Билјана Ичева, (1959-2021 г.) вработена во Негорските минерални Бањи

Повеќе

Кривична пријава за гевгелиски угостител

Две кривични пријави за прекршување на здравствените прописи против ковид-19

Повеќе

МВР: Приведени шест лица од криминалната-нарко група

По вчерашната успешна акција на МВР заедно со Американската Агенција за

Повеќе

Гевгелија 1,5 век железничко-трговска трансверзала со Европа

Поставувањето на Железничката пруга во Гевгелија кон крајот на 19 век

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.