Тргнува ли Гевгелија во нов корона пик: денеска Институтот за јавно здравје известува за 28 новоинфицирани со вирусот корона во регионот на ЦЈЗ Гевгелија, од кои 23 се жители на општина Гевгелија, а 5-мина се од општина Богданци.
Денес бројот на оздравените е само 3-ца кои покажале негативен тест на корона со последните резултати од референтни лаборатории во државата. Од нив 2-ца се од Гевгелија, а 1 од Дојран.
Двоцифрена бројка на заболени Гевгелија бележи изминатите три дена, но ова е веќе дневна бројка која ја започнува од третата десетка, но всушност вкупно 43 лица изминатите четири дена во Гевгелија станале позитивни на корона.
Ова е загрижувачка бројка по податокот кој го сподели денеска министерот за здравство Венко Филипче дека во три општини во државата напредува „британскиот корона сој“ , (во Кавадарци, Прилеп и Охрид) кој е трипати посмртоносен, а седумпати полесно пренослив меѓу луѓето.
Моменталниот корона статус во регионот на надлежност на ЦЈЗ Гевгелија е:
- Гевгелија денеска има 122 активни на ковид-19.
- Богданци - 21 позитивно-активни на ковид-19, и
- Дојран - 9 активни на ковид-19.
Во државата денеска починаа 10 ковид пациенти како последица на компликации од коронавирусот. Од 99.031 десега заразени со корона во земјата оздравени се 89.249 лица, 3.047 имале смртен исход со короната во своето тело, а остануваат и понатаму активни 6.735 лица.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Грција ги зајакнува мерките на Евзони и Какавиа
Строгите рестрикации во Грција за спречување на ширењето на коронавирусот се
Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје
Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за
Три кривични пријави за локални возачи
ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за
Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци
Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни
Распишана централна потерница за Сашо Мијалков
Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може
Засадени дрвца во сеќавање на Игор Мицев
Граѓаните на Негорци денеска имаа несекојдневен помен во сеќавање на прерано
ОЈО Гевгелија: 30 дена притвор за вооружен разбојник
Деветнаесет дена по извршениот вооружен грабеж во казино во Богданци
19-годишен гевгеличанец загина во сообраќајна несреќа
Вечерва во 00:50 по полноќ на патниот правец Стар Дојран - Нов Дојран во
Кривична пријава до ЈО Гевгелија за фирми кои избегнале плаќање акциза
Една Гевгелиска и една фирма од Тетово заедно со тројца одговорни лица добија
Приведен разбојник од Стојаково
Со ваков наслов МВР известува дека вчера, вторник, 16.02.2021 по извршен