Корона денеска: нема новозаразени, 4 оздравени

Понеделник, 15 Февруари 2021

Ниту еден новозаразен, а четворица оздравени. Ова е денешниот корона биланс за оптините од југот кои се под надлежност на Центарот за јавно здравје Гевгелија. Ова оптимистички делува на „залетаниот“ февруари со нови корона позитивни, кои еве, во изминатите 24 часа не се детектирани нови заболeни од ковид-19. Ова е трет февруарски ден без новозаразени со корона во регионот на ЦЈЗ Гевгелија


Од оздравените 2-ца се жители на општина Гевгелија, а по еден оздравен има во општините Богданци и Дојран.

Состојбата со активноте на ковид-19 е следна: 101 активни на вирусот се во општина Гевгелија, 10 во Богданци, а 13 во Дојран. Вкупно 124 активни на ковид-19 во регионот на надлежност на ЦЈЗ Гевгелија.

Сепак, олеснителна околност е што најголемиот дел од позитивните случаи на корона се со слаба симптоматологија така што голем дел од нив третманот на болеста го поминуваат во домашни услови.
Болнички третман во текот на февруари бараат мал број лица.Во модуларната ковид болница бројот на лица кои се хоспитализирани има променлив статус, и вообичаено се движи од 4 до најмногу 7 пациенти. Дневниот медицински третман со инфузна и друга терапија, исто така во модуларната ковид болница (дел за дневна терапија) го добиваат 10 до 15 пациенти дневно. Статистички гледано од вкупниот број на позитивните лица на корона само 4 до 5 од сто имаат потреба од болничка нега, а дневна терапија користат 10 до 12 од сто од коронаинфицираните.

Ова се добри вести во срединта на февруари за регионот. Освен во Дојран каде денеска февруари иматренд на новозаразени, како резултат на празничниот јануари, викенд гостите во ова туристичко место, дружењата по викендици и слично.

Во државата во моментот има пад на бројот на активни случаи и во моментот изнесува 6.143 лица.
Коронавирусот до сега во светот успеа да зарази над 109,5 милиони жители од светската популација, од нив 61,2 милиони се оздравени, а 2,4 милиони им подлегнале на компликациите настанати од коронавирусот во човековото тело.

 

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје

Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за

Повеќе

Три кривични пријави за локални возачи

ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за

Повеќе

Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци

Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни

Повеќе

Распишана централна потерница за Сашо Мијалков

Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може

Повеќе

Засадени дрвца во сеќавање на Игор Мицев

Граѓаните на Негорци денеска имаа несекојдневен помен во сеќавање на прерано

Повеќе

ОЈО Гевгелија: 30 дена притвор за вооружен разбојник

Деветнаесет дена по извршениот вооружен грабеж во казино во Богданци

Повеќе

19-годишен гевгеличанец загина во сообраќајна несреќа

Вечерва во 00:50 по полноќ на патниот правец Стар Дојран - Нов Дојран во

Повеќе

Кривична пријава до ЈО Гевгелија за фирми кои избегнале плаќање акциза

Една Гевгелиска и една фирма од Тетово заедно со тројца одговорни лица добија

Повеќе

Приведен разбојник од Стојаково

Со ваков наслов МВР известува дека вчера, вторник, 16.02.2021 по извршен

Повеќе

Ветерен парк кај Миравци - нова инвестиција на ЕСМ

Со грант од 2,4 милиони евра од Германската банка за развој (КФВ) Електрани на

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.