Вкусен посен колач со малини

Недела, 04 Април 2021

За љубителите на слатки вкусни десерти, предлагаме вкусен посен колач што нема да Ви одземе многу време за подготовка. Во рецептот не се користи никакво масло, па одличен е за сите оние кои се посветуваат на Велигденските пости на вода.

Потребни состојки:
- 20 лажици брашно,
- 12 лажици кристал шеќер,
- 400 мл газирана вода,
- 4 лажици џем по ваш избор,
- 300 г малини (може и некои други бобинки, како малина, рибизла, вишна, аронија, боровинка, капина, шумски микс…),
- 1 прашок за печиво,
- 100 г мелени ореви,
- шеќер во прав за наросување

Начин на приготвување - Постапка:
1. Веднаш вклучете ја рерната да се загрева на 200 степени, зошто времето за подготовка на смесата ќе биде доволно за истиот тој период да се загрее и рерната за печење на колачот.

2. Во подлабок сад прво измешајте го шеќерот со џемот, па додајте ги мелените ореви (100 грама).
Потоа додајте го брашното помешано со прашок за печиво (ако имате сито, најдобро е да го просеете). Потоа започнете постепено и полека да ја додавата газираната вода, па мешајте додека да добиете изедначена смеса, мазна и брз грутчиња од брашното. Цело време се меша со лажица.

Во плехот со средна величина ставете хартија за печење, па излејте ја смесата и израмнете. Наредете ги малините (може да користите одмрзнати малини, а може и некое друго овошје по ваш избор). Ставете го колачот да се пече во загреана рерна, околу 35-40 минути.

Печениот колач извадете го од рерна, оставете го малку да подизлади, па со помош на нож одвојте го од хартијата и одлепете ја, исечете го на коцки со големина по ваша желба и одозгора наросете го со шеќер во прав.

Добар апетит! Наздравје нека Ви е колачот и споделената благост!

 

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Донесени мерките од 5-от пакет економски мерки за граѓаните и фирмите

Од присутни 114 со 113 гласа „ЗА“ Собранието го донесе Законите за финасиска

Повеќе

Две први и 1 второ место за учениците од ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Он лајн учењето изгледа не им нашкоди на нашите ученици во постигнувањето

Повеќе

Недела на солидарноста во организација на Црвен крст Гевгелија

Црвен крст Гевгелија организира хуманитарна акција во соработка со Црвениот

Повеќе

Донација на Царинска Управа за „Родителската куќа“ на децата болни од карцином

Со традиционална хуамнитарна акција на вработените од Царинската управа, а по

Повеќе

Нова пресуда за Мијалков: 8 години затвор за „Трезор“

Вкупно 28 години затвор за четворица обвинети во случајот „Трезор“ кој се

Повеќе

Камчев останува во Шутка, одлучи Кривичниот Суд

Притворениот Орце Камчев останува зад решетки, во притвор во затворот „Скопје“

Повеќе

Почина Д-р Билјана Ичева

Докторката Билјана Ичева, (1959-2021 г.) вработена во Негорските минерални Бањи

Повеќе

Кривична пријава за гевгелиски угостител

Две кривични пријави за прекршување на здравствените прописи против ковид-19

Повеќе

МВР: Приведени шест лица од криминалната-нарко група

По вчерашната успешна акција на МВР заедно со Американската Агенција за

Повеќе

Гевгелија 1,5 век железничко-трговска трансверзала со Европа

Поставувањето на Железничката пруга во Гевгелија кон крајот на 19 век

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.