Изложба на гевгелискиот уметник Горан Јованов

Вторник, 22 Декември 2020

Триесет слики масло на платно во различни димензии насловени „Светлината блеснува“ се дел од најновата изложбена поставка на ликовниот уметник Горан Јованов кој живее и твори во Скопје, а по потекло е од Гевгелија.

Вратите за најновото уметничко доживување со делата на Горан Јованов ги отвори Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци, а со поддршка на Локална самоуправа на општина Кавадарци и Министерството за култура на Република Северна Македонија.
Свечениот настан беше во неделата, а за ликовниот опус на Горан зборуваа Владимир Темков и директорката на домот Јулиана Туриманџова. Во освртот за изложбата таа истакна:

- „ Лковниот ракопис на Горан Јованов се повикува од елементи на апстрактна насозијативна изразеност, бојата и линијата се експресивни и сигурни, некаде сведена на гестуалност која произлегува од спотано психичко доживување. Следејќи го својот уметнички импулс Горан Јованов останува доследен на ликовниот израз кој рефлектира силно изразен лирски сензибилитет како метафоричен и поетски однос кон апстрактна појава на сликата. Со уметноста на авторот се овозможува да се изгубиш во апстракната асоцијативна идеја и да се пронајдеш во реалната визија на материјата“ - оценува Туриманџова.

Горан Јованов е роден 1982 во Гевгелија, Дипломира 2006 на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, со насока реставрација и конзервација и графички дизајн. Магистрира на истиот факултет во 2009 одсек графика во класата на Димитар Малиданов. Член на ДЛУМ од 2006.

Го запрашавме овој млад, а сепак 25 години активен сликар - Дали изложените платна се дела од пандемската 2020 која во своето ново наметнато „нормално“ го прешалтувала од графика на масло на платно?
- „Делата се сите создадени во време на пандемија. Потребата повторно да се вратам на сликарство се појави од моите рани почетоци кој започна со цртеж а потоа се пресликаа и во сликарството, а потоа на факултет во нов медиум. Потребата да покажам и една порадосна претстава на слика исполнета од еден богата палета на бои...“ - ни' ја признава Горан пандемската нишка на својата внатрешна инспирација и потреба на бои, живост и оптимизам во своите дела.

Изложбата е отворена до 28 декември во Галеријата на Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци, а со задоволство авторот би сакал да гостува и во неговиот роден крај во Гевгелија, секако со намера да ги сподели пораките од своите дела и со најблиската ликовна публика од неговите почетоци во оваа гранка на уметноста.

- „На сликите најмногу е претставен пејзаж насликан не реалистички, туку со помош на густи нанесувања на бојата со шпакла без употреба на четка на делови употребувана е и четка, со искрениот пристап се создава дело кое е лично доживување на еден убав ден, доловен со ритам на потезите, со радост на создавањето, со размислување за хармонијата во природата. Сликите најчесто се поделена на два дела. Во долниот дел, којшто е помал од горниот, од едниот до другиот крај на сликата е претставена вода, поле, патишта, цветно-житно поле, лозов насад итн.., а нешто погоре од крајниот долен дел на сликата, се насликани вертикално исправени растенија, дрва, планини, ридови. Насликани се не реалистички, не како што се во природата, туку како што ги замислувам со брзи потези на шпаклата и со нанесување на погуст слој боја. Овие елементи, се спојуваат со небото кон една третина од долната страна на сликата. Небото е исто така брзо насликано, немирно, енергично со нанесување на слоеви густа боја кои во долниот дел од небото асоцираат на облаци. По начинот на изработката – слободно и без обраќање на реалистички детали, сликата спаѓа во доменот на експесионистички и импресионистичкото сликарство што значи – едноставно, брзо, непосредно сликање на впечатокот, сличен на сон, сон на вода, езеро, трски во водата и немирно небо. Создадените дела со сите тие елементи дават порака и магија за миг да се изгубите во еден прекрасен убав свет“ - ги споделува своите креативни пориви во создавањето уметникот кој со себе ја понел живоста на боите од југот, Горан Јованов, за GevgelijaNеt.

Горан се надева дека следната година пандемијата ќе заврши и ќе може да се дружи со уметничката публика од Гевгелија и регионот со гостување на своите последни дела од циклусот „Светлината блеснува“. Па, да блесне и надежта и здравјето и здравата природа и на овие простори.

 

Last modified on Вторник, 22 Декември 2020 - 20:45

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Запленет камион со половина тон марихуана на ГП Богородица

Вечерва на Граничниот премин „Богородица“ запленет е камион полн со 500

Повеќе

Почина градежен работник во Гевгелија

Во централното градско подрачје каде се изведуваат градежни работи на просторот

Повеќе

Запленети 200 кг марихуана на граничната линија, приведени две лица

Одделот за криминалистика при ОВР Гевгелија во соработка со специјализирани

Повеќе

Тежок сообраќаен билтен - еден починат, еден тешко повреден

Едно починато и едно лице со тешки телесни повреди, без податоци за настаната

Повеќе

ОКШ Гевгелија бара воведување полициски час

Галопирачкиот раст на новозаболени од корона во Гевгелија и регионот (видно од

Повеќе

Почина Веселинка Поп Гонова

Утрово во Клиника „Жан Митрев“ воСкопје, каде што беше хоспитализирана оваа

Повеќе

Лишени од слобода двајца жители на о. Гевгелија

Прексиноќа пред полноќ, поточно во средата, жител на Мрзенци и жител на

Повеќе

Три последователни потреси во Грција почувствувани и во Гевгелија

Вечерва од 19:38 часот, 19:53 ч. па до 20:25 часот почуствувани се три

Повеќе

Почувствуван земјотрес во Гевгелија

Благо движење на земјата како лулање во правец југ-север-југ вечерва беше

Повеќе

Собранието со 62 „ЗА“ изгласа доверба на Владата

Парламентарното мнозинство уште еднаш ѝ аплаудираше на Владата. Овој пат за

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.