Спасовден годинава со он лајн културна програма за гевгеличани

Петок, 22 Мај 2020

Чествувањето на Спасовден, од дамнина познат како гевгелиски панаѓур за заштитникот на градот „Свети Спас“, кое стана востановена културна традиционална програма на Општина Гевгелија, годинава поради корона кризата и траењето на вонредната состојба ќе се организира во он лајн издание.

Организатор на културните збиднувања распоредени во тродневни чествувања на Спасовден е Домот на културата „Македонија“- Гевгелија, под покровителство на Општина Гевгелија. Место на културните програми кои за публиката ќе бидат достапни на интернет и Youtube каналот на организаторот и на Општина Гевгелија, е терасата и дворниот простор на Народниот Театар во Гевгелија. Овде ќе се изведуваат концерти и ликовни изложби по следниот редослед:

Почетниот настан е во вторник (26 мај) со концерт на дуото Ангови, со почеток во 20 часот. Следниот ден (27 мај) во 19 часот ќе биде отворена ликовната изложба од изведената ликовна колонија на 17 членови на Друштвото на ликовни уметници од Гевгелија. Истата ќе биде достапна пред публиката во дворот на Народниот Тетатар во Гевгелија секој работен ден до 5 јуни во терминот од 10 до 14 часот. Истиот ден средата, културната програма ќе продолжи со концерт на гевгелиската група „Панта Реи“.
Во четврток, 28 мај, 2020 година, на денот „Свети Спас“, прославата на заштитникот на градот Гевгелија ќе заврши со музички концерт на гевгелиската музичка група „Леге артист“.

Поради пандемијата од Корона вирусот, сите културни настани ќе се организираат според наложените мерки за заштита и спречување на ширењето на Корона вирусот на Владата на РСМ и Општинскиот штаб за заштита и спасување.
ОШЗС на Гевгелија на својата денешна седница одобри организирање на онлајн- концертите без публика, предвидени во програмата за одбележување на Спасовден 2020 на Домот на културата во Гевгелија, а беше заклучено барањето за организирање на „Спасовденската културна програма“ со нивното одобрување да биде доставено и до Главниот координативен кризен штаб на РСМ.

Големите и масовни настани, оркестарски настапи, гостувања на Културно-уметнички друштва од општината регионот, особено песнопејната „Распеана чаршија“ позната по бројност на изведувачи и големиот број гевгеличани кои ги следат настаните оваа година поради истите анти-корона мерки ќе изостане.


Last modified on Петок, 22 Мај 2020 - 17:49

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Три кривични пријави за локални возачи

ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за

Повеќе

Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци

Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни

Повеќе

Распишана централна потерница за Сашо Мијалков

Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може

Повеќе

Засадени дрвца во сеќавање на Игор Мицев

Граѓаните на Негорци денеска имаа несекојдневен помен во сеќавање на прерано

Повеќе

ОЈО Гевгелија: 30 дена притвор за вооружен разбојник

Деветнаесет дена по извршениот вооружен грабеж во казино во Богданци

Повеќе

19-годишен гевгеличанец загина во сообраќајна несреќа

Вечерва во 00:50 по полноќ на патниот правец Стар Дојран - Нов Дојран во

Повеќе

Кривична пријава до ЈО Гевгелија за фирми кои избегнале плаќање акциза

Една Гевгелиска и една фирма од Тетово заедно со тројца одговорни лица добија

Повеќе

Приведен разбојник од Стојаково

Со ваков наслов МВР известува дека вчера, вторник, 16.02.2021 по извршен

Повеќе

Ветерен парк кај Миравци - нова инвестиција на ЕСМ

Со грант од 2,4 милиони евра од Германската банка за развој (КФВ) Електрани на

Повеќе

Пристигнаа првте вакцини против ковид-19 во Македонија

Со пакетот од 4.680 од вкупно 8.000 вакцини, што ни пристигна денес од Србија,

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.