Трета филмска проекција во Гевгелија на документарниот филм „Медена земја“, најнаградуваниот македонски филм и годинешниот македонски кандидат за „Оскар“.
На една недела пред официјалното доделување на престижните филмски оскари македонскиот кандидат кој предизвика бура од реакции, возбуда и чувства на престиж деновиве се прикажува низ државата, а вечерва ќе гостува пред гевгелиската публика.
Место- Народен театар, почеток 20 часот, вечерва 03.02.2020 година. Задоволството ќе ве чини 100,- денари.
„Медена земја“ со победа во три категории на почетокот на годинава триумфираше на престижниот филмски фестивал „Санденс“. Филмот е во трка за најдобар документарец на Европските филмски награди, а досега има освоено 20 меѓународни награди. Позитивни рецензии за филмот објавија сите водечки светски медиуми како „Њујорк тајмс“ (The New York Times), „Лос Анџелес Тајмс“ (Los Angeles Times), „Њујоркер“ (The New Yorker), „Венити фер“ (Vanity Fair), и други.
Познатата актерка Сара Џесика Паркер на својот инстаграм профил напиша: „Медена земја“ е неверојатна, визуелено зачудувачка, епска а сепак интимна приказна за пчеларката Атиџе Муратова. Жена која нема никогаш да ја заборавам!“
Холивудската актерка истакна дека филмот е еден од најдобрите номинирани за „Оскар“!
Филмот освен во кино салите низ Македонија, деновиве се прикажува и во САД, Велика Британија и Ирска.
Синопсис: „Земи половина од медот, половина остави за пчелите.“
По ова правило за баланс со природата се води Атиџе, последната жена-одгледувач на диви пчели во Европа, која живее сама со својата мајка во централна Македонија. Но, кога во нејзиното соседство ќе се досели номадско семејство-пчелари, таа се соочува со сериозен предизвик, да ги спаси пчелите и да ја зачува природната рамнотежа на земјата.
Ако еден го прекрши правилото, сите ја плаќаат цената!
Подгответе се за животна реалност во траење од 85 минути.
Режисери на делото се Љубо Стефанов и Тамара Котевска, сниматели и кинематографи се Фејми Даут и Самир Љума. Продуцент и монтажер: Атанас Георгиев, а музичката подлога е од групата „Фолтин“. Во филмот настапуваат реални ликови од местото Бекирлија, Свети Николско, тамошни жители кои во филмот го живеат својот живот, а документаристите само го снимат нивното секојдневие, тоа се: Атиџе Муратова, последната одгледувачка на мед од диви пчели во природата, нејзината болна мајка Назифе Муратова, соседите Хусеин Сам, Љутвие Сам, Музафер Сан и останатите деца од семејството Сам.
Филмот е наменет за сите возрасни категории, со порака дека е потребен баланс во животот помеѓу човекот и природата.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Почина Веселинка Поп Гонова
Утрово во Клиника „Жан Митрев“ воСкопје, каде што беше хоспитализирана оваа
Лишени од слобода двајца жители на о. Гевгелија
Прексиноќа пред полноќ, поточно во средата, жител на Мрзенци и жител на
Три последователни потреси во Грција почувствувани и во Гевгелија
Вечерва од 19:38 часот, 19:53 ч. па до 20:25 часот почуствувани се три
Почувствуван земјотрес во Гевгелија
Благо движење на земјата како лулање во правец југ-север-југ вечерва беше
Собранието со 62 „ЗА“ изгласа доверба на Владата
Парламентарното мнозинство уште еднаш ѝ аплаудираше на Владата. Овој пат за
Хуманитарен Апел за помош на Веселинка
АПЕЛ за помош на Веселина Поп Гонова! - објавија нејзините роднини и пријатели
ВИДЕО: Силен земјотрес во Грција почуствуван и во Македонија
Претпладнево во 11:16 часот се затресе тлото во Лариса, Грција со јачина од 6,2
Кривични пријави за угостител од Гевгелија и возач од Богданци
Гевгелиски угостител и возач од Богданци добиле кривични пријави од ОВР
Пет километарска колона возила кон ГП Богородица
Новиот режим на гранично работење што го најави грчкиот министер за цивилна
Грција ги зајакнува мерките на Евзони и Какавиа
Строгите рестрикации во Грција за спречување на ширењето на коронавирусот се