На меѓународниот фестивал за танц и уметност „Утринска ѕвезда“ што се одржа виќендов во Албена, Бугарја, гевгелиското драмско студио „Дон Кихот“ го освои првото место.
Наградата ја понесоа со изведба на претставата „На здравје“ која гевгеличани ја видоа пред месец дена поставена на сцената на Народниот театар во Гевгелија.
По гостувањата во Богданци, Струмица, гевгеличани стапнаа и на меѓународната фестивалска сцена на „Утринска ѕвезда“ која е етаблиран и престижен фестивал од повеќе уметнички области, изведби и творештва што се изведува на четири фестивалски локации (Албена, Св. Влав, Банско и Софија) во соседна Бугарија.
Возрасната група актери од драмското студио „Дон Кихот“ го oсвoија првoтo местo и специјaлнa нaгрaдa - вaучер oд 500 еврa зa учествo нa фестивaлoт вo Албенa 2019 гoдинa.
Стручнoтo жири и публикaтa јa прoглaсијa претстaвaтa зa нaјдoбрo и нaјкoмплетнo oствaрувaње нa фестивaлoт. Во оценувањето на театарската изведба се бодуваат глумата, режијата, постановката и сценографијата.
Фестивалот „Утринска ѕвезда“ работи и дејствува под заштита на УНЕСКО и има голем број настани и активности од областа на културата и спортот. Како и секоја година, така и оваа во него учествуваа околу 3.000 учесници од разни европски земји.