Меланија Трамп е фан на врвни дизајнерски алишта, чевли и други модни додатоци. Но, таа покажа дека во неформални ситуации сака да носи попристапни улични брендови.
Во Тексас, таа замина за да го посети Имиграцискиот центар за деца и за таа прилика избра бели траперки, бела блуза и соодветни тениски од марката „Адидас“.
Најголемо внимание, сепак, привлече темнозелената јакна „Зара“, која на грбот имаше натпис: „I realy don’t care. Do you?“ Што во превод значи: „Навистина не ми беше грижа. Дали тебе ти е?“
И додека нејзините критичари укажаа дека ова е погрешен избор и погрешната порака при вршењето на протокол, посебно кога станува збор за посета на деца кои нелегално влегле во земјата и поради што се одвоени од нивните родители, останува фактот дека првата дама не ја носела јакната во нивна близина.
Јакна ја имела на себе само додека се наоѓала на ветровитата писта кога излегувала од авионот. Белата куќа истакна дека тоа е само јакна и дека нема скриена порака.
Другите заклучија дека пораката е всушност наменета за медиумите и критичарите на актуелната политичка ситуација во САД, како и на првата дама.
ФОТО: Јакна од каталогот на „Зара“ се продаваше по цена од 39 долари