Полнети модри патлиџани

Недела, 09 Август 2020

Модриот патлиџан, или црн патлиџан, како што го нарекуваат жителите на југот е честа намирница во домаќинствата. Испржен, испечен, како летна салата со лукче. Традиоционално е присутен на трпезата и е лесен за варење, ги храни коските и мозокот, добро влијае на срцето, а богатството од состојки кои ги содржи се одлична превенција од анемија, велат стручњаците.
Вкусот Ви е познат, но ви предлагаме да вкусите нов рецепт, полнети модри патлиџани со шампињони и кашкавал.

Потребни состојки:
- 4 модри патлиџани
- 400 грама сечкани шампињон- мала чаша бело вино
- 2 лажици доматно пире
- 200 грама рендан кашкавал
- лук
- магданос
- 3-4 лаици маслиново масло
- сол
- бибер

Подготовка:
Се мијат модрите патлиџани, се сечат чушките, а се пресекуваат по целата нивна должина. Не се лупат. Се издлабнува средината од плодот на патлиџанот и се сецка на коцки.
Исецканите парчиња модар патлиџан од средината на плодот се пропржуват во тава, потоа се додаваат шампињоните, лукот. Пропрженото се полева да се динста со додавање на виното и зелениот исецкан магдонос.
Се додава маслиново масло, доматно пире и наведените зачини, по вкус.
Со оваа состојка се полнат издлабнатите патлиџани. Се стават во огноотпорен сад, или тавче за печење, и се печат во загреана рерна.
Пред крај од печењето се наросува ренданиот кашкавал.
За декорација може да поставите исечена кришка сирење и парче црвен патлиџан што ќе му додаде колорит на јадењето.

Добар апетит.


Last modified on Недела, 09 Август 2020 - 15:26

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Кривични пријави за угостител од Гевгелија и возач од Богданци

Гевгелиски угостител и возач од Богданци добиле кривични пријави од ОВР

Повеќе

Пет километарска колона возила кон ГП Богородица

Новиот режим на гранично работење што го најави грчкиот министер за цивилна

Повеќе

Грција ги зајакнува мерките на Евзони и Какавиа

Строгите рестрикации во Грција за спречување на ширењето на коронавирусот се

Повеќе

Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје

Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за

Повеќе

Три кривични пријави за локални возачи

ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за

Повеќе

Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци

Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни

Повеќе

Распишана централна потерница за Сашо Мијалков

Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може

Повеќе

Засадени дрвца во сеќавање на Игор Мицев

Граѓаните на Негорци денеска имаа несекојдневен помен во сеќавање на прерано

Повеќе

ОЈО Гевгелија: 30 дена притвор за вооружен разбојник

Деветнаесет дена по извршениот вооружен грабеж во казино во Богданци

Повеќе

19-годишен гевгеличанец загина во сообраќајна несреќа

Вечерва во 00:50 по полноќ на патниот правец Стар Дојран - Нов Дојран во

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.